Наум Петрески скршен од болка по смртта на Андреј ДНК - Од случајно познанство до големо пријателство
- Детали
- петок, 21 март 2025
На Фејсбук Наум сподели фотографија од една од нивните бројни дружби, направена во кафеана, на полна софра, и со музика во живо.
Фолк-пејачот Наум Петрески беше еден од најблиските пријатели на Андреја Ѓорѓиески од ДНК.
Иако нивното пријателство за многумина беше чудно - едниот фолк-музичар, другиот поп-пејач, сепак, тие се дружеа долги години и имаа многу заеднички интереси.
Неколку дена по смртта на Андреј, кој го загуби животот трагично во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Наум сподели спомени од својот другар и долгогодишен пријател.
На Фејсбук Наум сподели фотографија од една од нивните бројни дружби, направена во кафеана, на полна софра, и со музика во живо.
Вчера (20.03) на денот кога беше погребан Андреј, тој напиша статус кој му го посвети нему и на останатите жртви во пожарот.
„Ние сме само миг или дел од секунда“ - пишува во пораката на Наум.
Двајцата музичари се дружеа години наназад. Тие беа толку блиски, што се дружеа заедно и со нивните сопруги.
Андреј во едно интервју кажа дека се запознале во време кога и двајцата пееле на митинзи низ градовите во земјава.
„Ќе нè ставеа сите во комбе и ќе тргневме од еден во друг град. И таму, во комбето, почнавме муабет со Наум и сфативме дека имаме многу слични интереси, теми на разговор.
Кога ќе седнеме во кафеана, знаеме да ‘викнеме’ по некоја песна, но најчесто тоа е рок. Наум не бил отсекогаш фолк-пејач, туку почнал како рокер. Таква музика слуша и приватно“, рече Андреј во едно свое интервју.
Погледнете повеќе фотографии од двајцата музичари, објавени на Фејсбук профилот на Андреј:
Прочитајте и Храбар до последниот здив, хуманитарец во душа - Сеќавање на Андреј Ѓорѓиески од ДНК
А. Ј. | Црнобело / фото: Фејсбук
Би можело да ве интересира:





