Сопругата на Андреј од ДНК сподели разговор со ќеркичката кој крши срца: „Мамо јас ти требам тебе, а ти мене“

Мамо, сакам да бидам дома, зашто ЈАС ти требам тебе... А и ти ми требаш мене... Јана за 7 дена порасна како за 7 години“ – напиша Наталија, сопругата на Андреј, кој пред една недела го загуби животот во трагичниот пожар во Кочани. 

soprugata-na-andrej-od-dnk-spodeli-razgovor-so-kjerkichkata-koj-krshi-srca-mamo-jas-ti-trebam-tebe-a-ti-mene-01.jpg

Андреја Ѓорѓиески, познат како Андреј од ДНК, го жртвуваше својот живот за да спаси други деца кои беа на нивниот настап во дискотеката во Кочани, кога се случи трагичниот пожар во кој загинаа 59 лица, а повеќе од 100 беа повредени.

Зад себе, Андреј ги остави сопругата Наталија, со која скоро 10 години беше во брак и ќеркичката Јана (родена на 29 ноември 2015).

Вчера, речиси една недела по загубата на нивниот сакан сопруг и татко, Наталија Ѓорѓиеска се огласи на својот Инстаграм профил.

Таа на Инстаграм Стори сподели дел од разговор со нејзината ќеркичка, чија изјава допира длабоко до срцето и распарува душа, а потсетува колку е силна љубовта и врската помеѓу родител и дете.

Мамо, сакам да бидам дома, зашто ЈАС ти требам тебе... А и ти ми требаш мене...

(Јана, за 7 дена порасна како за 7 години)“.

soprugata-na-andrej-od-dnk-spodeli-razgovor-so-kjerkichkata-koj-krshi-srca-mamo-jas-ti-trebam-tebe-a-ti-mene-02.jpg

Андреј беше голем хуманитарец со огромно срце, а за својата ќеркичка секогаш имаше емотивни зборови и во едно интервју сподели:

„Јана во мене пополни еден празен дел и веќе во огледало не го гледам Андреја, туку сè повеќе ја гледам неа“ - рече тој за ќерката.

Прочитајте и Храбар до последниот здив, хуманитарец во душа - Сеќавање на Андреј Ѓорѓиески од ДНК

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Андреј и Панчо среде улица пеат со група пензионерки: „Нè сретнаа во населбата Илинден, да се има ба... „Денес, снимајќи видео за ДНК, случајно се сретнавме со група пензионерки кои нè...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Миа Костова си ја „отвори“ душата за синот: „Мислев секогаш ќе ми биде тешко, а види нè денес“ „Некогаш тешко ми беше малку со тебе на колк и купување на акција, ама види нè д...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg