Андреј и Панчо среде улица пеат со група пензионерки: „Нè сретнаа во населбата Илинден, да се има баба е благослов“
- Детали
- среда, 29 јануари 2025
„Денес, снимајќи видео за ДНК, случајно се сретнавме со група пензионерки кои нè замолија да им испееме некоја македонска песна и еве го резултатот - ние им го разубавевме денот, но и тие нам“, велат Андреј и Панчо.
Андреј и Панчо од ДНК се познати по својата несебичност, хуманост и непосредност. Секогаш се насмеани со фановите, спремни да помогнат, да им посветат дел од своето време и внимание.
Се чини дека двајцата музичари имаат обожаватели од сите генерации, а доказ за тоа е и видеото што го споделија на своите социјални мрежи, направено додека низ улиците на Скопје снимале видео за ДНК.
Панчо и Андреј сретнале група пензионерки, кои ги препознале двајцата музичари, па посакале тие нешто да им запеат.
И додека Андреј свири на гитара, Панчо заедно со жените ја пее „Не кажувај либе добра ноќ“.
„Да се има баба е благослов.
Денес, снимајќи видео за ДНК, случајно се сретнавме со група пензионерки од Илинден кои нè замолија да им испееме некоја македонска песна и еве го резултатот.
Ние им го разубавевме денот, но и тие нам, а веруваме дека ќе ви го разубават и на вас.
За да се сподели љубов и среќа не се потребни пари, треба само да си човек“ - пишува во објавата на ДНК.
Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело