Симона Попоска со трогателна објава за Андреј од ДНК: „Постојат луѓе кои оставаат трага, таков беше ти - брат по душа“
- Детали
- понеделник, 17 март 2025
„Се разбиравме на посебен начин - бевме двајца емотивци кои ги боли кога гледаат неправда, кои често се жалеа еден на друг колку е тешко да го гледаш тоа, а да не можеш секогаш да направиш нешто! Ќе наздравам за тебе во твојот омилен Irish pub на местото каде што споделувавме толку многу приказни, мечти и тешки мисли...“, гласи дел од емотивната објава на Симона Попоска за Андреј.
Македонија изгуби човек кој со децении беше симбол за добра македонска музика, за заразни песни, за преполни концерти. Некој што го сакаа и постарите и најмладите, некој што пред сè беше човек, хуманитарец и емотивец.
Со Панчо од ДНК помагаа во секој миг, секому и секаде каде што може, како што можеа и колку што можеа.
Андреј Ѓорѓиески (42) од ДНК почина во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, каде згаснаа 59 животи.
За Андреј сите имаат само најдобри зборови, а такви има и неговата пријателка Симона Поповска.
Објавата на Симона Попоска:
„Сакам само да е лош сон.
Постојат луѓе кои не само што минуваат низ нашиот живот, туку оставаат трага што никогаш не се брише. Таков беше ти... пријател, брат по душа!
Се разбиравме на посебен начин - бевме двајца емотивци кои ги боли кога гледаат неправда, кои често се жалеа еден на друг колку е тешко да го гледаш тоа, а да не можеш секогаш да направиш нешто!
Кога ја испеа 'Ако утре ме нема', веднаш ти пишав дека ја пееш на поразличен начин'.
Подоцна ми напиша: 'Знаеш каков сум, емотивец...' и знаев дека таа песна беше дел од твојата душа. Но, сега не можам да не помислам... како баш таа песна??? Како да го предвидовме ова што се случи!!!
Не сакам да верувам дека тоа беше некаква зла судбина.
Вчера не можев да спијам. Нешто ми тежеше на душата, не знаев зошто, ама длабоко во себе како да почувствував дека нешто не е во ред. И утринава, кога ја слушнав страшната вест, сè ми стана јасно...
Знаев каков си, знаев дека не би дозволил да гледаш како некој друг страда, а ти да се спасиш. Би го дал и животот за да помогнеш. И го даде...
Знаеше да ми кажеш дека музиката ти е мевлем за душата, особено кога некои поединци во музиката ти го правеа патот потежок. А ти, дури и тогаш, пееше со полно срце, со љубов и искреност.
Сега пеј таму горе, пријателе... Пеј за ангелите, со истата страст со која пееше за сите нас овде. Ќе наздравам за тебе во твојот омилен Irish pub на местото каде што споделувавме толку многу приказни, мечти и тешки мисли.
Фалиш... и ќе фалиш секогаш. Но, знам дека твојата песна никогаш нема да згасне.
Почивај во мир, хероју!!!
Погледнете ја изведбата на „Ако утре ме нема“, која сите вирално ја споделуваат (кликнете на видеото):
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





