Снеже Велков со моќна објава: „Еј убавице, многумина ќе го сакаат твоето тело, но само еден и твојата душа“
- Детали
- петок, 18 октомври 2024
„Убавице, многумина ќе сакаат да се до тебе кога ќе си убава и дотерана, ама само еден ќе биде до тебе кога ќе си во пижами и болна...“
Водителката Снеже Велков е вљубеничка во пишаниот збор, а неретко на социјалните мрежи пишува објави, откинати од срце.
Така е и овој пат кога зборува за вистинскиот, за тој еден маж кој ќе се истакне од многумината и ќе биде тука за вас и во добро и во зло.
Нејзината објава во која ќе се пронајдат многу жени:
„Еј лепотице (убавице), многумина ќе го сакаат твоето тело, но само еден и твојата душа.
Многумина ќе ја сакаат твојата насмевка, но само еден ќе биде тука за твојата тага.
Многумина ќе сакаат да уживаат во твоите очи, но само еден ќе остане тука за твоите солзи.
Многумина ќе ти аплаудираат кога ќе стоиш гордо ама само еден ќе ти даде рака да станеш кога ќе паднеш
Многумина ќе ти ласкаат и ќе ти се воодушевуваат, а само еден ќе ти рече: „Eј, забегуваш“.
Многумина ќе сакаат да се до тебе кога ќе си убава и дотерана, ама само еден ќе биде до тебе кога ќе си во пижами и болна.
Е, тој ЕДЕН, лепотице...
ТОЈ!“
С. С. | Црнобело