Моќна објава на Македонка: „Ми го исмејуваа детето на училиште затоа што носи храна од дома и има постар телефон“

„Претходната година имав дете на кое му се потсмеваа дека носи храна од дома, беше потсмевана и за стилот на облекување –‘Со чорапите на татко ти доаѓаш во училиште’, ‘Не ти е срам да доаѓаш со дуксер како вреќа?’, имавме и: ‘Не мислат твоите дека ти треба нов телефон?’..., споделува мајка од Македонија на Инстаграм.

mokjna-objava-na-makedonka-mi-go-ismejuvaa-deteto-zatoa-shto-nosi-hrana-od-doma-i-ima-star-telefon-01.jpg

Мајка и ќерка од Македонија го водат Инстаграм профилот „Sparkly Daughter“, на кој има повеќе од 12.000 следбеници.

Девојчето (11) е вљубеничка во танц, а заедно со мајка ѝ сакаат да испратат моќни пораки, кои ќе допрат до следбениците и ќе поттикнат на размислување.

Овој пат така беше со објавата по повод 1-ви септември.

Мајката на ова девојче напиша:

„1-ви септември е нов почеток за сите деца.

Да повториме дека сè што рефлектираат нашите деца доаѓа од дома.

Ние како родители сме одговорни како ќе се однесуваат во училиште.

Претходната година имав дете на кое му се потсмеваа дека носи храна од дома, беше потсмевана и за стилот на облекување –„Со чорапите на татко ти доаѓаш во училиште“, „Не ти е срам да доаѓаш со дуксер како вреќа?“, имавме и: „Не мислат твоите дека ти треба нов телефон?“...

Знам дека секојдневните разговори се клучни и не успеаја да ѝ делуваат лошите коментари, ама знам дека кај многу други деца тоа може премногу да влијае.
Разговарајте, секојдневно и многу.

Среќен почеток на новата учебна година!
Скромноста и доброто однесување никогаш не излегле од мода“.

Покрај оваа објава тие споделија и фотографија со испишани моќни пораки:

„Не е срамота да носиш храна од дома.

Не е срамота да си поддршка на некој кој не е прифатен од околината.

Не е срамота да си фин и љубезен со сите.

Срамота е да правите булинг.

Срамота е да сте невоспитани и безобразни.

Срамота е да правите поделба по која била основа.

Среќен почеток!“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонка го живее својот сон во Осло: Сопругот фудбалер шутна топка и го откри полот на бебето Ана Најдовска од Скопје веќе години наназад Норвешка ја нарекува својот дом. Там...
Снеже Велков со моќна објава: „Еј убавице, многумина ќе го сакаат твоето тело, но само еден и твојат... „Убавице, многумина ќе сакаат да се до тебе кога ќе си убава и дотерана, ама сам...
Македонка беше запросена во хеликоптер за време на лет над Монако (фото) „Влеговме во хеликоптерот и заедно уживавме во глетката - море преполно со луксу...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Македонка освои бронза на првенство во џудо и уште 4 позитивни вести што нè израдуваа оваа недела Нашиот познат кардиолог Сашко Кедев, кој е страстен алпинист, направи уште еден ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg