Македонка беше запросена во хеликоптер за време на лет над Монако (фото)
- Детали
- петок, 25 октомври 2024
„Влеговме во хеликоптерот и заедно уживавме во глетката - море преполно со луксузни јахти и брег со преубави куќи. Додека се обидував да ја доловам убавината на фотографија, Сергеј го искористи моментот да го извади прстенот“, вели Стефани Стерјоска (24) од Скопје за CRNOBELO.com.
Стефани Стерјоска (24) од Скопје, магистер по мода и луксузни брендови, а работи како маркетинг менаџер, беше запросена од својот сакан Сергеј Јанчевски (24), дипломиран професор, кој работи како комерцијално технички советник, на спектакуларен начин, за време на лет со хеликоптер над Монако.
Стефани открива детали за запросувањето за CRNOBELO.com:
„Подолго време планиравме романтичен одмор ние двајца, кое што заврши уште поубаво крунисано со понуда за брак. Планирана беше посета на Монако, Кан и Сен Тропе, кои беа моја голема желба.
Пред патувањето воопшто не очекував дека ќе се случи вакво нешто, иако знаев дека Сергеј е човекот на мојот живот.
Пред да тргнеме, кога ја спремавме агендата за патувањето, јас знаев дека ќе правиме нешто сосема различно, односно дека ќе одиме на крстарење со брод по брегта на Монако.
Тоа беше нашиот првичен план, и поради тоа самото качување на хеликоптер беше изненадување за мене и не ни претпоставував дека се крие уште поголемо и поубаво изненадување во самата организација.
Поради таа причина го искористив моментот и се посветив да уживам целосно во изненадувањето, несвесна дека Сергеј подготвува нешто посебно.
За време на летот, со нас имаше и други патници. Пред да се качиме на лет, Сергеј го искористил моментот додека беше сам во лобито пред да влеземе во хеликоптерот да договори со некој од другите патници да го снимаат прекрасниот момент.
Влеговме во хеликоптерот и заедно уживавме во глетката која беше магична. Море преполно со луксузни јахти и брег со преубави куќи, прекрасен сончев ден кој ја дуплираше таа убавина… Едноставно кажано неверојатна глетка која што беше мевлем за очи.
Бидејќи бев обземена од убавината распослана пред мене, сакав истата да ја овековечам со слика и спомен.