Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - делува прљаво“

„Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој има надградба, што е постара и не е добро одржувана, уште е во некоја должина што не постои. Немојте со тие лисици, опашки, клипсови - изгледа ужасно лошо“, вели Миа во виралното видео.

mia-kostova-so-brutalno-video-za-ubavinata-ne-se-pechete-vo-solarium-i-ne-nosete-veshtachki-trepki-deluva-prljavo-01.jpg

Миа Костова повторно покрена дебата на социјалните мрежи, откако објави видео во кое набројува 5 работи што ниедна жена не би требала да ги прави во 2024 година, иако, како што вели, во минатото и таа практикувала некои од нив.

Видеото насловено „Јас да си кажам“ за неполни 24 часа има преку 200.000 прегледи и многу споделувања со коментари од луѓе кои потполно се сложуваат со неа, но и од оние кои велат дека Миа претерала и не е компетентна да зборува на секоја тема.

Видеото Миа првенствено го споделила на својот ТикТок, и како што пишува самата во коментарот, направила преседан и го објавила и на Инстаграм, бидејќи зборува за работи за кои многумина ја прашуваат - трендовите за убавина што се „аут“.

mia-kostova-so-brutalno-video-za-ubavinata-ne-se-pechete-vo-solarium-i-ne-nosete-veshtachki-trepki-deluva-prljavo-02_1.jpg

„Многу сакам да направам видео за некои работи што не треба да ги правите веќе.

Можеби некад биле модерни, сум ги правела и јас, но ова се 5 работи што не треба да си ги дозволите во 2024 и во иднина.

Под број 1, недозволиво е да се печете во солариум, да сте многу црни и да изгледате како да сте извадени од рерна.

Освен што не е здраво, не е ни модерно.

Стварно може да си направите голем проблем со кожата, не дај Боже и нешто што е најстрашно, а и стварно немате потреба, зашто, крајно е сељачки да си многу црн.

mia-kostova-so-brutalno-video-za-ubavinata-ne-se-pechete-vo-solarium-i-ne-nosete-veshtachki-trepki-deluva-prljavo-03.jpg

Број 2 - не смееш да имаш канџи, не смееш да имаш нокти коишто се предолги, шпицести и на нив има цвеќиња, јагоди, море, плажа, пешкир - никако торта од нокти.

Убаво е дланката да е чиста, а ноктите да се во една боја, со нормална должина.

За формата не расправам, на секој прст стои различна форма, така што, немој да имаш сељачки нокти.

mia-kostova-so-brutalno-video-za-ubavinata-ne-se-pechete-vo-solarium-i-ne-nosete-veshtachki-trepki-deluva-prljavo-01_1_copy.jpg

Број 3 е за надградба на коса. Сум ја носела, ама сега кога ќе видам надградба на коса многу страшно ми изгледа.

Ај што некој има надградба, ај што е постара малку па не е добро одржувана, па уште е коса во некоја должина што не постои.

Не може да имаш плава коса и да е до газ. Ако веќе сакаш да имаш плава коса мора да е многу здрава и да изгледа добро.

Не мора да е тазе фарбана, јас лично многу сакам црн корен, ама па не можам да го носам долго.

Муабетот ми е - никако надградба на коса. Немојте со тие лисици, опашки, клипсови - изгледа ужасно лошо. Изгледаат ужасно лошо и репови од по метар и 40.

mia-kostova-so-brutalno-video-za-ubavinata-ne-se-pechete-vo-solarium-i-ne-nosete-veshtachki-trepki-deluva-prljavo-02.jpg

Следно - немојте да носите веќе вештачки трепки, ве молам. Трепките какви се, такви се - твои се.

Немојте вештачки трепки, многу делува прљаво, неизбањато, грдо на око.

Не се за преку ден ич. Ајде навечер некако можда за некој настан, ама нека бидат тоа еднократни трепки - лепиш, вадиш, легнуваш, сабајле си тип-топ.

Немаш на нив собрано 3 кила пудра во тоа, особено за девојки што се шминкаат многу често.

Многу ми е мило што излезе од мода надградбата на трепки, иако мора да признаам дека сум ги носела многу често.

mia-kostova-so-brutalno-video-za-ubavinata-ne-se-pechete-vo-solarium-i-ne-nosete-veshtachki-trepki-deluva-prljavo-09.jpg

И последно - многу се радувам што излегува од мода голема муцка или 5-6ml хијалурон.

Немојте тоа да си го правите на себе, немојте да носите газ од мајмун на вашето лице, 100% тврдам дека сте 100 пати поубави со вашата природна уста.

А ако веќе сакате малку да се освежите, нека биде тоа суптилно и нека делува природно. Ете што ќе ви каже тетка Миа“ - завршува таа.

Погледнете го видеото:

 А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
Хелена Роза скршена од болка по смртта на Зоки Фаци: „Ќе те испраќаат во твоето Катланово, а јас сум... „И додека сега таму во Македонија ќе те испраќаат во твоето Катланово, јас сум т...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg