Македонка со силна порака: „Зимава трипати бевме болни со децата - кога телото ми откажуваше, сфатив дека лекот е љубов“
- Детали
- петок, 07 март 2025
„Како мајка на мали деца, очекувано ти е да има вакви епизоди. Но, признавам, не бев спремна за ова 3 пати во месец дена. Грижата и за едно разболено дете значи неспиење со ноќи, стрес, нетрпеливост. Грижата за 2 деца значи дека секогаш некое дете ти е во рака, плаче или бара внимание“, вели Ангела од Скопје и испрати силна порака за сите супермајки.
Ангела Костовска од Скопје, која по професија е економист, е горда мајка на две мали деца. Таа преку својот Инстаграм често споделува свои искуства, но и разменува совети со другите мајки од земјава.
Овој пат, во времето на вируси и бактерии, кога биле трипати болни во два месеца, таа реши да го раскаже своето искуство, но и предизвиците со кои се соочила.
„Знам дека не сум сама во ова“ - пишува Ангела.
Таа објави неколку фотографии на својот Инстаграм, од неколку ситуации со своите деца, каде што се болни, се гушкаат, децата си играат и слично, па вели:
„Кога се чини дека нема крај... Ковид, грип, бактерии. Трипати болни во два месеци? Знам дека не сум сама во ова! За сите супермајки кои се соочуваме со предизвици кои изгледаат непрекинати...
Како мајка на мали деца, знаеш, и очекувано ти е дека ќе има вакви епизоди, посебно во зимските месеци. Но, признавам, не бев спремна за ова 3 пати во месец дена.
Грижата и за едно разболено дете значи неспиење со ноќи, стрес, нетрпеливост. Грижата за две деца значи дека секогаш некое дете ти е во рака, ти плаче или бара твое внимание, грижа кој што треба да пие и слични работи.
Но, грижата за две болни деца, плус сама себе, тоа е друго ниво на болести.
Кога твоето тело вели стоп, а ти не смееш да застанеш. Тoa мислам дека ми паѓа најтешко периодов. Деновите изгледаат вака воопшто неинстаграмски, ни малку розово.
По цел ден во кревет со едно од децата, косата немиена така врзна, без шминка, рутината за лице скокната, подочници од неспиење, -2kg принудно од што не ти се отвара уста.
Алишта, готвење играчки, ништо не е естески, и буквално сè на последно место...
А, во овие месец дена првпат имав и паничен напад поради болестиве, хоспитализацијата во болница си го направи своето за моето ментално здравје.
Но, што научив со последново разболување и како ова го доживувам помалку стресно?
Колку и да се напорни и хаотични овие денови, носат јасностија. За она што е најважно во животот!
Во овие денови најголем сојузник ми е благодарноста за времето што може да го поминуваме заедно гушнати!
Славиме мали победи. Падната температура, помалку кашлање, изедни повеќе залчиња храна од ден на ден, туширање, прошетка на сонце и слични мали победи до закрепнување целосно.
И јас вистински учам сега дека трпението е клучот. Огромна лекција која теоретски ја знаеме ама сега сме на тест.
Детските болести се минливи, ама нашето трпение и емпатија што ќе ја покажеме ќе остави трага на долг рок.
Вашите дечиња ќе се сеќаваат само на гушкањето и разбирањето за нивните потреби и трпението кое сте им го дале.
Лекот е љубов.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





