Македонка со силна порака: „Зимава трипати бевме болни со децата - кога телото ми откажуваше, сфатив дека лекот е љубов“
Овој пат не ја потценувам моќта на одморот. И спијам секој момент или лежам и јас му го давам потребниот одмор на моето тело.
И повеќе од кога било сфаќам дека сите активности мора да се прелесни за подготовка!
Барајте помош - со готвење со чистење, со некое од децата, со било што со што може некој да ви помогне.
Правиш неверојатна работа мама. Во најтешките денови, запомни дека си супермама во очите на твоето дете. Ти можеш ова, мама! Ова е фаза што ќе помине!“
Ангела во објавата напиша и што научила во овој период додека се грижела за болните деца:
„Кога твоето мало дете е болно, сѐ се чини како да застанува. Но овие предизвикувачки моменти носат јасност — ни покажуваат што навистина е важно: љубовта што ја споделуваме, утехата што ја даваме и силата што ја покажуваме.
Еве некои работи што ги научив додека се грижев за болно дете:
Нормално е да се чувствуваш преоптоварено.
Непреспиени ноќи, грижа, стрес, немање време за себе, но не си сама во ова. Правиш најдобро што можеш и тоа е доволно.
Прегрни ја тишината.
Тивките моменти кога твоето дете те треба најмногу се драгоцени. Тие се потсетник колку е важно да бидеш заедно, дури и во најтешките моменти.
Твојата сила е нивно безбедно место.
Твојот мир и љубов се лековите што им се потребни. И кога си исцрпена, ти си нивни супер херој.
Погрижи се и за себе.
Не можеш да дадеш од празна чаша. Не заборавај да се грижиш за себе. Одморената мајка е подобра мајка.
Секој предизвик е лекција во издржливост.
Иако зимската сезона јас првпат осеќам колку е тешка, таа е можност и за тебе и за твоето дете да научите и да израснете посилни заедно. Но, доаѓа пролет!
Заедно сме посилни и може да се поддржуваме!“
Погледнете ја објавата на Ангела:
Прочитајте и Македонска мајка со порака: „Знам колку е тешко родителството, но на децата не им се потребни екрани за да се смират“
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





