Македонска мајка со порака: „Знам колку е тешко родителството, но на децата не им се потребни екрани за да се смират“

„Сега пред празниците гледам бебиња со екрани по молови додека родителие пазарат... Не осудувам никој, знам колку може тешко и напорно да биде родителувањето некои денови, посебно со две деца“, вели на тема екранизам, Ангела од Скопје, која и самата е мајка на две мали дечиња.

makedonska-majka-so-poraka-znam-kolku-e-teshko-roditelstvoto-no-na-decata-ne-im-se-potrebni-ekrani-za-da-se-smirat-01.jpg

Ангела Костовска од Скопје, која по професија е економист, но и горда мајка на две мали деца, преку својот Инстаграм често споделува свои искуства, но и разменува совети со другите мајки од Македонија.

Овој пат, поттикната од родителите кои за да ги смират своите мали деца, им даваат телефони или таблети, Ангела објави видео, во кое го сподели своето мислење за екранизмот, додавајќи дека не осудува никого, но дека сака да ја крене свеста дека на децата не им се потребни екрани, особено кога се многу многу мали.

Во својата објава на Инстаграм, Ангела напиша:

„Еден потсетник за екраните!

Оваа тема ми беше актуелна и летоска, кога родители шетаа мали бебиња со екран прикачен пред нив, а истото го гледам и сега во празничните денови кога шетаат низ молови за да испазарат или да се видат со пријатели - повторно гледам екрани пред бебиња.

Не осудувам никој, знам колку може тешко и напорно да биде родителувањето некои денови, посебно со две деца.

Но да ја поттикнеме свеста дека на бебиња не им се потребни екрани и кои се последиците од истото.

makedonska-majka-so-poraka-znam-kolku-e-teshko-roditelstvoto-no-na-decata-ne-im-se-potrebni-ekrani-za-da-se-smirat-02.jpg

Ако секогаш посегнуваш по екран кога детето не сака да јаде, да се облече или пресоблече, да спие или едноставно за да завршиш нешто - создаваш зависник.

Последиците се дете кое не соработува секогаш кога нема екран, како и слаба поврзаност помеѓу родителите и децата.

Вака се појавуваат проблеми и на краток рок (како забавен развој во говорот и фокусот), но и на долг рок, односно понатаму проблеми во училиште.

За да го избегнете ова, едуцирајте се на темата деца и екрани и осигурете се дека вие не сте зависник од екрани, бидејќи децата учат од нас“.

makedonska-majka-so-poraka-znam-kolku-e-teshko-roditelstvoto-no-na-decata-ne-im-se-potrebni-ekrani-za-da-se-smirat-04.jpg

Таа сподели уште една порака на самото видео:

„Поради екраните го уништуваш развојот на детето.

Изложеноста на екран кај децата од најрана возраст, особено до третата година, може значително да го наруши развојот на мозокот, когнитивните способности и концентрацијата.

Во првите месеци од животот децата најлесно учат преку сетилата и она што ги опкружува во нивната околина.

Но, ако екранот го одвлекува нивното внимание, овој важен дел од развојот може да се забави.

Дополнително, престимулативната содржина од екраните, создава раздразливи и нетрпеливи деца.

Мојата порака до сите родители е: Одговорноста е ваша! Ограничете ги екраните и овозможете му на вашето дете богатство од искуства во реалниот свет“.

makedonska-majka-so-poraka-znam-kolku-e-teshko-roditelstvoto-no-na-decata-ne-im-se-potrebni-ekrani-za-da-se-smirat-03.jpg

За потсетување, Ангела неодамна воодушеви кога држеше говор на ораторската вечер на Школата за лидерство во Охрид, а притоа во прегратка го држеше својот (тогаш 7-месечен) син.

Погледнете го видеото:

Прочитајте и Инспиративна мајка: Македонка држи говор со 7-месечното бебе - доказ дека жените можат сè

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg