Мајка од Велика Британија се жали: „Не е до децата, туку е до товарот да се излезе на крај со сите обврски“

„Не е до децата... До притисокот да се одржи домаќинството е. Да се пронајде баланс со работата. Обидот да работите како да немате деца. Обидот да ги растете децата, како да не работите...“, вели Џејд Лили.

majka-od-velika-britanija-se-zhali-ne-e-do-decata-tuku-e-do-tovarot-da-se-izleze-na-kraj-so-site-obvrski-01.jpg

Џејд Лили е мајка од Велика Британија која на својот Инстаграм профил (@HonestMumJade) отворено говори колку родителството е тешко на моменти и со кои предизвици се соочува таа како мајка.

Лили има две мали деца, момче и девојче во фазата на тодлери.

majka-od-velika-britanija-se-zhali-ne-e-do-decata-tuku-e-do-tovarot-da-se-izleze-na-kraj-so-site-obvrski-02.jpg

Сега, таа отворено проговори за притисокот со кој се соочува, а во нејзината објава ќе се пронајдат многу мајки.

Нејзината емотивна исповед гласи:

„Не е до децата...

До притисокот е да се одржи домаќинството.

Трудењето да пронајдеш баланс со работата. Чувството дека не можете да бидете најдобри во сè.

Менталниот товар. Недостигот од помош во модерното општество.

Тешкотијата на тоа да се биде родител.

Обидот да се справите со сопствените емоции. Недостигот од сон.

Обидот да работите како да немате деца.

Обидот да ги растете децата, како да не работите.

Недостигот на признание од општеството за сè што правите. Несаканите мислења од другите.

Чувството дека сте судени, ако не ги правите работите правилно.

Новите правила за нежно родителство, чувството дека не сте сигурни што правите и невозможните стандарди на општеството.

Изјавите од типот: ‘Сама го сакаше тоа’...“

И на крај таа се шегува:

„Добро, понекогаш е и до децата, но најчесто е до мајчинскиот ментален товар“.

Џејд објави и искрен видео приказ на нејзиниот живот:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg