6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви

„Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остава јас да ги чувам. Кога не отидов со нив на одмор, таа и мајка ми се жалеа колку им било тешко со децата и ме обвинија дека намерно сум им го расипала одморот“.

6-realni-prikazni-od-lugje-chii-rodnini-so-svoeto-odnesuvanje-im-odat-na-nervi-01.jpg

Ако некој знае да нè извади од такт со два збора или со своето однесување, тоа се луѓето кои ни се најблиски. А мораме да ги толерираме, бидејќи сме „крв“.

Но, некои роднини навистина претеруваат со однесувањето. Имате ли вие такви?

Ова се 6 реални приказни, споделени на Редит, од луѓе на кои роднините им одат на нерви со своето однесување:

„Неодамна ја посетив мајка ми, која не сум ја видел скоро две години, откако се преселив во Австралија.

Само што влегов низ врата, првиот коментар ѝ беше: ‘Си се здебелил, на ништо не личиш!’. Имав 90kg и висок сум 180cm, па не мислам дека сум дебел.

Фала мамо, и мене ми е мило што те гледам’ ѝ кажав.

А таа ми одговори: ‘Освен семејството никој нема да ти ја каже вистината в лице. Намерно ти кажав за да знаеш дека треба да внимаваш на исхраната и да се грижиш за себе’.

Оваа приказна се повторува постојано во текот на целиот мој возрасен живот, па не можам да ви објаснам колку сум среќен што живеам илјадници километри оддалечен од неа“.

„Јас имам 17 години, а сестра ми има 28 и две мали деца, кои сè уште не одат на училиште. Кога и да дојдат да нè видат, сестра ми ми ги остава децата на чување, а таа оди да пие кафе со мајка ми и да си разговараат.

На почетокот на јули, мајка ми рече дека ќе одиме на одмор, таа, татко ми и јас. Ние тројца.

Но, кога стигнавме на аеродромот, таму веќе беше сестра ми со децата. Отидов во тоалетот и го сокрив пасошот зад едно казанче, па се правев дека го барам и сум го заборавила и ги убедив да одат без мене. Пасошот си го зедов откако го испратив и си поминав една мирна недела сама дома.

А кога се вратија, мајка ми и сестра ми се жалеа колку им било тешко со две мали деца и коментираа дека сум им го уништила одморот.

Татко ми потоа ме тргна на страна и ми кажа дека не верува во приказната за пасошот, ама дека знае зошто сум го направила тоа и дека ме поддржува“.

6-realni-prikazni-od-lugje-chii-rodnini-so-svoeto-odnesuvanje-im-odat-na-nervi-04.jpg

„Мајката на мојата сопруга ни даде околу 10.000 фунти за свадбата, но брзо потоа тие се скараа и таа си ги побара парите назад.

Ѝ ги вративме, а поради нејзината реакција, дури и снимав како ѝ ги даваме парите, од страв дека утре може да каже дека никогаш не сме ѝ вратиле ништо.

Брзо по ова се пресели во друг град и престана да разговара со нас“.

„Свекрвата не ме сака воопшто. На првата средба беше пристојна, но веднаш потоа почна да си го покажува вистинското лице и да прави сè за да не раздели од сопругот.

Не претерувам, бидејќи маж ми ми кажа дека таа му рекла дека треба да се разведеме, зашто не сум доволно добра за него.

Ние сме и понатаму во брак, кој функционира добро, но таа не ме прифаќа, па неодамна ми рече: ‘Не родив син за некоја жена да ми го земе и да морам да го делам со неа’.

Уште не можам да поверувам што ми кажа“.

6-realni-prikazni-od-lugje-chii-rodnini-so-svoeto-odnesuvanje-im-odat-na-nervi-02.jpg

„Имам 25 години, а брат ми 31, но јас отсекогаш сум била ‘постарата сестра’. Тој нема постојан прилив на пари веќе 6 години и често ми бара на заем.

Се нервирам, ама брат ми е, па му давам колку што можам, бидејќи не заработувам лошо.

Сепак, неодамна отидов на породилно и дома сум со бебето, па веќе немам толку многу пари за давање, бидејќи трошоците сега ми се поголеми.

Откако го одбив двапати, в лице ми кажа дека сум лоша сестра, а ми се лути и мајка ми, која ми префрла дека не сакам да му помогнам на сопствениот брат. Навредена сум, искрено“.

„Имам 22 години и два брата кои се постари од мене.

Родителите им купија станови за да се осамостојат, а кога јас им кажав дека сакам да се иселам и да живеам сама, ме нападнаа со прашањата: ‘А кој ќе нè чува нас? Кој ќе готви? Кој ќе се грижи за нас кога ќе сме изнемоштени? Тоа е твоја должност како наша ќерка!

Моите родители имаат по 55 години, не се воопшто стари, болни или изнемоштени.

Решив да бидам себична и сепак да одам под кирија - зарем треба да ги поминам и следните 30 години во постојана грижа за нив, без да си дадам шанса да создадам семејство или да најдам љубов?“

6-realni-prikazni-od-lugje-chii-rodnini-so-svoeto-odnesuvanje-im-odat-na-nervi-05.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg