„Јас сум една од најлошите баби - зошто сум строга со внуците?“
„Знам да бидам дури злобна на моменти со внуците и луѓето ми велат дека сум престрога. Но, моите внуци еден ден ќе се соочат со многу посурови работи во реалниот свет...“
Ема Парсонс-Рид (57) oд Велика Британија е жена која вели дека ја обожава улогата на баба во животот, но дека не е типична слатка баба.
Таа вели дека дури со право може да го носи прекарот една од „најлошите баби на светот“.
Вели дека со своето семејство се справува буквално како со воена техника и дека не дозволува никакви испади.
Ема има 5 внуци, на возраст од 8 до 17 години и вели дека сите се смируваат и се подредуваат во линија само ако еднаш им свирне.
Во минатото нејзините техники на воспитување дури ги расплакувале внуците, но Ема верува дека суровиот пристап е најдобар.
„Знам да бидам дури злобна на моменти и луѓето ми велат дека сум престрога. Но, моите внуци еден ден ќе се соочат со многу посурови работи во реалниот свет.
Во животот нема да стигнат никаде со плачење. Не сакам еден ден да се вознемируваат само затоа што некој ги погледнал попреку или не им го дал тоа што мислат дека го заслужуваат.
Децата мора да зајакнат.
Јас уште како мала морав да користам нож и виљушка и ако не го правев тоа правилно, добивав шлаканица од мојот татко. Исто така не смеев да им упаѓам во зборување на родителите.
Кога станав баба за првпат, имав само 40 години, уште работев и бев фокусирана на својот живот. Не бев типична баба која седи и плете за внуците.
Јас не ги закачувам сите нивни дела на фрижидерот, туку ги инспирирам да бидат подобри со тоа што им велам дека ќе ги закачам кога ќе нацртаат подобро.
Ако некој од внуците е некултурен кон мене, тогаш не му зборувам. Тие знаат дека единствен начин да им се смирам потоа е ако ми пристапат со внимателно осмислено извинување.
Вистината е дека ги сакам многу и дека би направила сè за нив, но понекогаш мора да ги расплачам, за да сфатат дека таков е животот.
Затоа тие ме почитуваат, знаат да се заблагодарат и да се извинат. Не ни морам да викам по нив, ме слушаат, но исто така сум најгорда на нив кога ќе направат нешто добро.
Верувам дека тие ќе ги украдат моите техники на воспитување кога ќе станат родители, па и баби или дедовци еден ден“.
Се согласувате ли со пристапот на Ема?
С. С. | Црнобело