„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“
„Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жестоки кавги, но некако сме тим...“, вели Милица Стевановиќ, мотивациски говорник од Србија.
Милица Стевановиќ е мотивациски говорник од Србија и автор на неколку програми за личен развој.
Таа дава одлучни совети на многу животно значајни теми, а една од нив е и бракот.
Во неодамнешно Инстаграм видео таа проговори за односот со својот сопруг Александар:
„Јас прва велам дека имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме.
Ние се расправаме, но ние не се задржуваме во тоа – во таа лутина.
Ние имаме жестока расправа, јас кажувам ‘јас мислам вака, јас мислам така’, но ние некако сме тим.
Ние сме цело време тим.
Знаете, имате деца, се случува нешто, тој има еден поглед на тоа, ти имаш друг поглед на тоа и ти треба да го продискутираш тоа низ расправа. Тој кажува како мисли, и ти, но вие не сте непријатели.
Вие сте тим, кој функционира од типот, јас мислам дека треба да шутира таму, јас мислам дека треба да шутира ваму, е па ајде да видиме заедно како е најдобро да дадеме гол.
Е тоа е бракот“.
Во друго видео за бракот таа вели:
„Мене ми се случува да имам некоја кавга со Александар и многу да ме изнервира и да ме испровоцира страшно и јас почнувам ‘бла, бла бла“ – некогаш да кукам, некогаш да се лутам.
И тоа трае неколку минути и потоа застанувам и се прашувам: ‘A што всушност те испровоцира?’
‘Што всушност ти фали? Што всушност те боли?’
А тој само дошол и го пипнал тоа.
Значи работата е во тоа да сме што повеќе свесни за себе, својот однос, својот живот, своите постапки, своите емоции, за што помалку да проектираме врз својот партнер или партнерка.
И тоа е тоа“.
Милица дава многу корисни совети и за низа други прашања кои нè мачат во животот.
Дел од нејзините видеа:
С. С. | Црнобело