Јован Костадинов пречекан како вистински херој, по пожарот во кој спаси 21 дете: „Неговото тело ги носи лузните од јунаштвото“

Јован направи повеќе од 20 семејства да не ги изгубат своите чеда... „Јован не е само херој на Кочани. Тој е херој на целата наша држава. Симбол на тоа што значи да се стави човечноста над стравот...“, вели министерот за здравство Арбен Таравари за нашиот херој од реалноста.

jovan-kostadinov-prechekan-kako-vistinski-heroj-po-pozharot-vo-koj-spasi-21-dete-negovoto-telo-gi-nosi-luznite-od-junashtvoto-01.jpg

Јован Костадинов на 19 години стана херој и симбол на она што е добро во Македонија! Симбол дека постои квалитетна младина, тој е нашата утеха и сламка за спас во овие тешки денови.

Јован направи повеќе од 20 семејства да не ги изгубат своите чеда и направи да сме среќни што го имаме!

jovan-e-nashiot-heroj-doshol-od-vinica-i-vlegol-vo-pozharot-vo-kochani-za-da-si-gi-spasi-drugarite-04_copy.jpg

Министерот за здравство Арбен Таравари на својот Фејбук профил ја објави веста дека нашиот херој Јован Костадинов од Виница, кој спаси 21 дете во пожарот во Кочани, неразмислувајќи за себе и влегувајќи среде огнените јазици, е добар и е пуштен од болница.

Јован со црево во рацете, мокра крпа на лицето и тон храброст во срцето влегол во дискотеката што горела и оттаму вадел свои другари и други млади лица.

Прочитајте и Јован е нашиот херој од реалноста! 19-годишно момче влегло во пожарот во Кочани за да си ги спаси другарите

Министерот Таравари за Јован вели:

„Денеска, со длабока емоција и бескрајна гордост, ви ја споделувам веста дека Јован Костадинов, храбриот млад човек кој спаси 21 живот во трагедијата со пожарот во Кочани, конечно се врати дома.

Постојат моменти кога зборовите не се доволни, а ова е еден од нив.

Како да се опише душа толку храбра и несебична, која во мигови на паника и опасност не помисли на себе, туку само на другите?

Јован, кој има само 19 години, постапил како вистински херој. Влегувал повторно и повторно, не еднаш, не двапати, туку повеќе од 20 пати, за да помогне на оние што биле заробени во пламените. Го ризикуваше сопствениот живот за да спаси други.

Неговото тело ги носи лузните од неговото јунаштво, но неговото срце носи нешто далеку поголемо: почитта, восхитот и љубовта на цела нација.

Јован не е само херој на Кочани. Тој е херој на целата наша држава. Симбол на тоа што значи да се стави човечноста над стравот. Потсетник за сите нас колку многу може да направи еден човек со големо срце.

Добредојде дома, Јован. Твојата приказна ќе живее вечно, во животите што ги спаси, во семејствата што повторно се заедно и во срцата на секој граѓанин што сега го знае твоето име.

Во име на сите граѓани, јас ќе кажам едно нешто, јасно и гласно: Никогаш нема да заборавиме“.

Исто така, на социјалните мрежи кружи видео од пречекот на Јован во Виница.

Јован како вистински херој беше пречекан во гимназијата „Ванчо Прке“ во Виница.

Уште при излегувањето од автомобилот го пречекува еден маж и го прашува:

„Јован, секоја ти чест! Добар си, нели?“ – „Добар, закрепнав“, одговори младото скромно момче.

Потоа, го пречекаа учениците и одговорните во училиштето со громогласен аплауз, кој траеше и траеше.

Со мечиња, прегратки и восхит, беше пречекан младиот херој кој цела Македонија го слави.

Screenshot_5_copy.jpg

Тој не е светла точка само за семејствата на децата кои ги спасил, туку и за сите нас среде оваа страшна трагедија.

Браво Јован! Горди сме!

Погледнете го видеото:

Уште едно видео од пречекот:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јован е нашиот херој од реалноста! 19-годишно момче влегло во пожарот во Кочани за да си ги спаси др... „Ах ти храбро детиште, ах ти хероју наш. За твојата храброст, хуманост, емпатија...
„Во глуво доба од Кочани, се слушна крик, плач и тага, се молевме сите, Господе, да биде лага“ „В Кочанско негде, кај в слаМа гореа цвета, убија деца! Во глуво доба од Кочани,...
Иле - возачот на Итната помош од Кочани е нашиот херој среде оваа темнина: „Горди сме што те имавме!... „Што да се напише за тебе е премалку. Човек планина, човек со срце, душа човек к...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...
Сара Мејс и синчето Кирил лежат во болница во Козле – „Мајка мора сè да направи за да го задржи дете... „Кирил е конечно малку подобар, ќе одморам и јас троа“ – напиша Сара Мејс, откак...
Другарка на девојката што загина на „Партизанска“ пред 10 години, со потресна порака: „Почувствував ... „Денес, кога прочитав дека повторно на истата улица, кај Универзална, згаснал мл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg