Другарка на девојката што загина на „Партизанска“ пред 10 години, со потресна порака: „Почувствував болка како кога ја загубив мојата Фросина“

„Денес, кога прочитав дека повторно на истата улица, кај Универзална, згаснал млад живот, а девојката се вика Фросина, ја почувствував истата болка како дента кога јас ја изгубив мојата Фросина (19), а болката која ја доживеав тој 3 април 2015, денес е исто толку голема“ - пишува Исидора од Крива Паланка, чија најдобра другарка беше прегазена на истото место.

drugarka-na-devojkata-shto-zagina-na-partizanska-pred-10-godini-so-potresna-poraka-pochuvstvuvav-bolka-kako-koga-ja-zagubiv-mojata-frosina-01_copy.jpg

Исидора Јакимовска е млада девојка од Крива Паланка, која пред 10 години, во 2015-та, на улицата „Партизанска“ кај Универзална, ја загуби својата најдобра другарка, Фросина Цековска (19).

Фросина тогаш беше прегазена од возач под дејство на алкохол, кој ја удрил девојката додека поминувала на пешачки премин.

По страшниот настан кој се случи на истото место на 29 јануари 2025, кога згасна животот на младата дизајнерка Фросина Кулакова, Исидора вели дека вторпат ја преживеала истата болка, иако не ја познава загинатата девојка.

Таа својот револт за уште еден загубен живот го изрази преку Фејсбук, а се потсети и на својата најдобра другарка, која не ја заборава ни денес, една деценија по нејзината смрт.

drugarka-na-devojkata-shto-zagina-na-partizanska-pred-10-godini-so-potresna-poraka-pochuvstvuvav-bolka-kako-koga-ja-zagubiv-mojata-frosina-02.jpgФросина Цековска

„Денес, кога прочитав дека повторно на истата улица, кај Универзална, згаснал млад живот, а девојката се вика Фросина, ја почувствував истата болка која ја чувствував дента кога јас ја изгубив мојата Фросина, почувствував како повторно да изгубив некој толку близок, а болката која ја доживеав тој 3 април 2015, денес е исто толку голема.

Еднаш поодамна напишав: ‘Да не дозволиме да згасне уште еден младешки здив на таа проклета Партизанска, да не дозволиме да има следна Фросина’. Дозволивме!

Прости ни Фросина, не успеавме, не успеавме како луѓе да те спасиме и да не дозволиме повторно да се случи истото - еден млад живот да згасне на еден таков суров начин.

Ние како луѓе, молчејќи пред законот дозволивме повторно да се случи ваква трагедија, повторно да изгубиме еден млад живот, повторно дозволивме некој да ѝ ги земе соништата на една млада девојка, а нејзиното семејство да го остави да тагува целиот свој живот.

До кога ваквите случаи ќе се третираат како сообраќајна несреќа, а не убиство? До кога сторителите ќе поминуваат неказнето? Уште колку Фросини ќе го изгубат животот за да некој разбере дека закон во државава мора да има!

Прости ни и летај Фросина, а летајќи кон небото обиди се да ни простиш, луѓе сме... не знаеме што правиме“ - напиша Исидора.

drugarka-na-devojkata-shto-zagina-na-partizanska-pred-10-godini-so-potresna-poraka-pochuvstvuvav-bolka-kako-koga-ja-zagubiv-mojata-frosina-04.jpg
Фросина Кулаковска

Исидора, која е и писателка, на Фејсбук сподели и песна „Тага за Фросина“ која во 2015-та ја напишала за својата пријателка, а сега ѝ ја посветува на Кулаковска.

„Песнава која ја напишав за тебе Фросе, била судена за уште една Фросина. Денес летна кај тебе, повеќе не си сама“ - напиша Исидора во својата потресна објава.

drugarka-na-devojkata-shto-zagina-na-partizanska-pred-10-godini-so-potresna-poraka-pochuvstvuvav-bolka-kako-koga-ja-zagubiv-mojata-frosina-03.jpg

Тага за Фросина

Оти еве дишам, а не дишам.
Оти еве сонев, а веќе не сонувам.
Живеав, а веќе за живот не мислам.
Оти тага е преголема.
Оти по тебе тагувам.
Оти веќе ни ноќиве не се ми доволни за да те мечтаам.

Ниту копнежот веќе не го поднесувам.
Ниту ништо коешто боли, а не престанува.
Оти само боли.
Оти само пече.
Силно в гради.
Оти за тебе тагувам.
Оти тагава за тебе не поминува.
Оти од оваа тага поголема не сум видела.
Оти поголема не сум доживеала.
Оти за сестра не поминува.
Од сон, повеќе само спомени останаа.

Болка в гради.
За сеќавања.
За години поминати во убавини.
За неразделиви мигови...
За смеа, па за седенка.
За кафе муабет, па за пијанка.
За дечко ќе ти раскажев.
За се ќе ти се пожалев.
И само ти ќе ме сфатеше.
Оти таков човек си.
Оти ти не знаеш тага да не разбереш.
Оти ти си човек-лек за секоја болка.

А сега кај да се лекувам?
Кому да кажувам?
В чии прегратки да се исплачам?
В чии, ако не во твои.
В ничии.
Оти в градиве болкава не прекинува.
Оти за тебе не поминува.
Сè проклето нека е..
Оти те нема, а ти ме лекуваш?
Оти смртта не е најсилна.
Оти љубовта наша е посилна.
Ние немавме другаарство.
Ние љубов имавме.
Oстај ме..
Остај ме да тагувам.
Оти после неа за друго не разбирам.

Но едно знај..
Оти и смртта не може да ме спречи.
Не вели ми смртта посилна била.
Има нешто посилно од неа.
Нашата љубов.Смртта само разделува.
Погледни ме мене.
Смртта
Од човек скитиник ме направи.
Но тоа и само може.
Оти се друго со неа, во мене е.
И не го давам.
Оти само мое е.
Оти за човек како неа не поминува.
Оти по човек како неа во болка од ден во ден се умира.

I only miss you when I'm breathing!

Прочитајте и „Две семејства се закопани, ни се случува Кецмановиќ на улица“ - Трогателни статуси по смртта на Фросина Кулакова

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Каде е и што прави денес Угро? „Ах, 90-тите и 2000-тите години беа убави за живеење. Инаку, моментално сум...
Миа Костова си ја „отвори“ душата за синот: „Мислев секогаш ќе ми биде тешко, а види нè денес“ „Некогаш тешко ми беше малку со тебе на колк и купување на акција, ама види нè д...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Сара Мејс горда на сопругот: „Среде невреме помогна на непознат човек – на него имаше 20l вода и го ... Колкумина од вас во најголемото невреме би застанале да му помогнат на непознат ...
Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Хелена Роза скршена од болка по смртта на Зоки Фаци: „Ќе те испраќаат во твоето Катланово, а јас сум... „И додека сега таму во Македонија ќе те испраќаат во твоето Катланово, јас сум т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg