„Сега, ти си ѕвезда сјајна“ - Емотивен последен поздрав за Фросина Кулакова (22), која беше прегазена на Партизанска

„Таму каде ти сега си ѕвезда сјајна, таму е поубаво и почисто, безгрижно и бајковито, оти злото не знае да лета, а и да знае, од Бога се плаши...“

sega-ti-si-dzvezda-sjajna-emotiven-posleden-pozdrav-za-frosina-kulakova-22-koja-beshe-pregazena-na-partizanska-01.jpg

На 29 јануари возач ја удри со автомобил и на место ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова пред Универзалната сала на булеварот Партизански одреди во Скопје.

sega-ti-si-dzvezda-sjajna-emotiven-posleden-pozdrav-za-frosina-kulakova-22-koja-beshe-pregazena-na-partizanska-05.jpg

Македонија е обвиена во црно по веста. Изгубивме прекрасна млада и талентирана личност која имаше многу да ни даде и која допрва имаше живот за живеење.

sega-ti-si-dzvezda-sjajna-emotiven-posleden-pozdrav-za-frosina-kulakova-22-koja-beshe-pregazena-na-partizanska-06.jpg

Оваа огромна загуба допре до сечие срце во Македонија, а емотивна објава на прерано починатата ѝ посвети и Инстаграм профилот „Македонска поезија“ – песна од поетот Марко Виденовиќ.

sega-ti-si-dzvezda-sjajna-emotiven-posleden-pozdrav-za-frosina-kulakova-22-koja-beshe-pregazena-na-partizanska-03.jpg

Оваа емотивна и потресна песна и другпат нè допирала до срце кога Македонија ги живеела најтешките мигови.

Нивната објава гласи:

Тука секој ден е сѐ помачен. Се обидувам да се кренам над сивилото и со мене барем еден да повлечам, но тешко е, и јас паѓам.

Имам најпогани зборови да истурам, но знам дека ништо подобро не ќе сторам, само ќе се пеплосам. Сѐ повеќе се приближувам до молкот, можеби таму е спасот, подалеку од луѓето, а поблиску до мирот.

За Фросина Кулакова🖤

Врз облаци зачекори,
на меко и чисто да газиш,
тука долу тиња е,
загнасено и матно.
Таму горе,
до сонцето поблиску ќе бидеш,
ќе те гали и грее,
и патот светол секогаш ќе ти биде.
А кога сонцето ќе зајде,
не грижи се,
месечината ќе те чува,
ќе те гушка и гали,
како мајка што најнежно
на чедо свое тоа го прави.
И верувам,
таму горе над облаците,
кај сонцето и месечината,
помеѓу ѕвездите,
таму каде и ти сега си ѕвезда сјајна,
таму е поубаво и почисто,
безгрижно и бајковито,
оти злото не знае да лета,
а и да знае, од Бога се плаши
и горе не би отишло,
тоа тука на дното се гуши,
и тука долу сонот го руши.

Таму горе

sega-ti-si-dzvezda-sjajna-emotiven-posleden-pozdrav-za-frosina-kulakova-22-koja-beshe-pregazena-na-partizanska-02_copy.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Две семејства се закопани, ни се случува Кецмановиќ на улица“ - Трогателни статуси по смртта на Фро... „Две семејства. Во едното расте момче коешто на 20 години зад себе веќе има крим...
Кристина од Велес го истетовира својот 76-годишен дедо: „Беше емотивен момент – доби тетоважа со зна... „Ми рече: 'Веќе сум стар и не знам уште колку ќе можам да ги чувам пчелките, па ...
Другарка на девојката што загина на „Партизанска“ пред 10 години, со потресна порака: „Почувствував ... „Денес, кога прочитав дека повторно на истата улица, кај Универзална, згаснал мл...
Емотивна објава за Мирко Попов, кој денес ќе наполнеше 52 години: „Спектакуларно живееше, достоинств... „На денешен ден 1972 година беше роден човекот кој многу го сакаше животот. Науч...
Игор Џамбазов емотивен на роденденот на дедо му Петре Прличко: „Неговата среќна ѕвезда сè уште ме за... „Денес ќе наполнеше 117 години. И малку ќе му беа. Толку многу го сакаше животот...
Драган Спасов Дац на ‘Мажи на годината 2024’: „Да си маж на годината во сопствениот дом, на својата ... „Има една категорија на којашто посебно ќе ѝ дадам значење, а тоа е маж на годин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg