Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Последно збогум! Андреј Ѓорѓиески утре ќе биде испратен во вечното почивалиште во Бутел

Телото на Андреј ќе биде изложено во капелата во Бутел од 10 часот, каде што сите роднини и пријатели, ќе можат за последен пат да се поздрават и да се збогуваат со него.

zbogum-andrej-utre-vo-skopje-kje-bide-pogreban-pejachot-na-dnk-01.jpg

Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на Андреј од ДНК, преку социјалните мрежи сподели дека погребот на нејзиниот сопруг ќе се одржи утре (четврток, 20.03.2025) на гробиштата во Бутел.

Телото на Андреј ќе биде изложено во капелата од 10 часот, каде што сите роднини и пријатели, ќе можат за последен пат да се поздрават и да се збогуваат со него.

zbogum-andrej-utre-vo-skopje-kje-bide-pogreban-pejachot-na-dnk-02_copy.jpg

Андреј Ѓорѓиески почина на 43 години. Животот го загуби трагично во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа уште 58 лица.

Тој, неофицијално, излегол од клубот, но се вратил да им помогне на оние кои сè уште биле внатре и не успеал да се спаси.

Андреј зад себе ги остави сопругата Наталија и ќерката Јана.

Прочитајте и Храбар до последниот здив, хуманитарец во душа - Сеќавање на Андреј Ѓорѓиески од ДНК

 А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Андреј и Панчо среде улица пеат со група пензионерки: „Нè сретнаа во населбата Илинден, да се има ба... „Денес, снимајќи видео за ДНК, случајно се сретнавме со група пензионерки кои нè...
Мартија наполни 21 година: Се бакнува со дечкото, прослави и со семејството и со пријателите Мартија наполни 21 година и во еден ден двапати славеше роденден со своите најбл...
„Пеј си најубаво, таму горе“: Колегите и блиските се збогуваат од Андреј од ДНК Колегите на Андреј од ДНК се во неверување за трагичната смрт на музичарот и со ...
Врчак се огласи по загубата на Андреј од ДНК: „Последната песна ја снимивме неколку дена пред да заг... „До вечерва, не можев ни музика да слушам, ниту да гледам Фејсбук... Ја пуштив п...
Нова емотивна објава на Врчак: „Во душата ми е Андреј, ДНК ме натераа да се вратам на сцената“ „Да е вечен низ бесконечноста Андреј… Андреј и Панчо постојано ме молеа да почна...
Сопругата на Андреј од ДНК сподели разговор со ќеркичката кој крши срца: „Мамо јас ти требам тебе, а... „Јана за 7 дена порасна како за 7 години“ – напиша Наталија, сопругата на Андреј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg