Мартија наполни 21 година: Се бакнува со дечкото, прослави и со семејството и со пријателите
- Детали
- вторник, 08 април 2025
Мартија наполни 21 година и во еден ден двапати славеше роденден со своите најблиски и најсакани.
Пејачката Мартија Станојковиќ наполни 21 година.
Таа роденденот го прослави двапати во еден ден - прво со пријателите, после полноќ, а потоа и на ручек со семејството и дечкото.
Со пријателите наздрави со коктели и на објавата на Инстаграм Стори само напиша „21“, означувајќи го бројот на години што ги наполни.
Втората прослава беше на ручек во ресторан со семејството, а таму освен нејзините најблиски, беше и нејзиниот дечко Матеј.
Пред роденденските прослави, слично како и лани, Мартија објави фотка со Матеј направена во лифт, каде што тој ја прегрнува и се бакнуваат.
Погледнете повеќе фотографии:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





