Мартија Станојковиќ во Дубаи - Позира во бикини
- Детали
- петок, 19 април 2024
Ручек покрај базен, ден поминат во познат ресторан на плажа и уживање во топлото и сончево време во Дубаи - Мартија на Инстаграм објави фотки од одморот на кој замина само две недели откако го прослави 20-тиот роденден.
Пред неколку недели се жалеше дека ѝ недостасува летото, па сега нашата пејачка Мартија Станојковиќ одлучи да се почести со патување во Дубаи.
Само неколку дена по поплавите што го зафатија овој град, од фотките што ги објави Мартија на Инстаграм може да се забележи дека времето е сончево и идеално за уживање покрај базен.
Таа се пофали дека имала можност да го посети ресторанот на плажа Maison de la Plage, кој е инспириран од духот на француската ривиера.
Мартија го искористи топлото време во Дубаи за да се облече во костим за капење и да ужива покрај базен, па своите следбеници на Инстаграм ги почести со фотки оттаму.
На сите фотографии се гледа како гордо позира со очила за сонце од брендот Fendi, кои се продаваат по цена од околу 330 евра.
На Инстаграм Стори таа објави уште една фотка од себе како позира во костим за капење и напиша:
„Направив добар избор што дојдов во Дубаи. Знаете зошто?“ – праша таа и додаде емотикон кој означува дека се вљубила во местото.
Инаку, пејачката пред две недели го прослави својот 20-ти роденден, а не се знае дали на ова патување ја придружува и дечкото Матеј Казаков, со кого веќе неколку месеци е во врска.
Погледнете повеќе фотки од одморот на Мартија:
Б. С. Б. | Црнобело