Приказната за Србинката која роди дете на 60 години, па сопругот ја напушти и ѝ дава само мала алиментација
- Детали
- петок, 28 март 2025
„Навистина е тешко кога мораш сам да се грижиш за своето дете. Борбата за потомство траеше долго, а јас на 60 години ја родив ќерката. Кога дознав дека сум трудна – бев многу среќна“, вели Атифа Љаjиќ од Нови Пазар за својата животна приказна.
Атифа Љаjиќ (69) од Нови Пазар, Србија, успеа да стане мајка на 60-годишна возраст.
Таа ja доби ќерката Лејла со ин-витро процедура и покажа дека ништо не е невозможно.
Во повеќе ТВ гостувања досега Атифа има зборувано за овој среќен миг од животот, но и за тешките мигови кои дошле потоа – сопругот ја оставил брзо по раѓањето на ќерката, ѝ плаќа само мала алиментација, а таа со ќерката едвај се обидува да сврзе крај со крај.
Атифа за својата животна приказна вели:
„Навистина е тешко, мораш сам да се грижиш за своето дете. Уште кога плаќате кирија – е тогаш е претешко, но, за среќа, добив помош за тоа.
Борбата за потомство траеше долго, а јас на 60 години ја родив ќерката.
Кога дознав дека сум трудна – бев многу среќна.
За жал, се разделивме со сопругот. Ми дава 9.000 динари (околу 4.700 денари) месечно – нешто како алиментација“.
Иако, според законот таткото на ќерката на Атифа е жив и плаќа алиментација, таа вели дека се чувствува како самохрана мајка.
Вели дека мора сама да се грижи за ќерката и да ги плаќа трошоците за живот.
„Немам пари да платам ни кирија, па една хумана жена од САД ми плаќа.
Јас имам пензија од 25.000 динари (околу 13.000 денари) и кога ќе ги подмирам трошоците ми остануваат многу малку.
Се трудам да направам сè што можам за моето дете да успее.
Плус, загрижена сум и дека мојата ќерка еден ден ќе остане сама“.
Погледнете едно од нејзините гостувања, каде ја раскажува својата приказна ТУКА...
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





