Трогателната приказна за синот на Ана Бекута: Го родила на 17 години, морала да го остави во дом, но се покајала
- Детали
- недела, 27 април 2025
Синот на Ана Бекута, Игор, бил оставен во дом за незгрижени деца само неколку месеци по раѓањето. На Ана срцето ѝ се кинело, го посетувала секоја седмица и по неколку месеци одлучила да го земе оттаму, и покрај осудата од родителите и околината.
Ана Бекута во повеќе пригоди има зборувано за српските медиуми за најтешкиот миг од нејзиниот живот, а тоа е кога морала да го остави својот син во дом.
Таа го родила својот син во вонбрачна врска, додека била малолетна, на само 17 години, а средината ја осудувала.
И нејзините родители се нашле на столбот на срамот, селото ги озборувало, што многу ја повредувало. Сметала дека тие не се виновни за ништо, па прифатила да биде одвоена од своето бебе.
Ана со синот Игор
Eмотивната исповед на Ана:
„По страшните внатрешни борби, го сместивме Игор во дом. Голем дел од моето срце тогаш беше откинат и таа рана никогаш нема да закрепне.
Ме сметаа за будала затоа што не сум го абортирала навреме. Или не сум го сокрила и оставила во некоја далечна болница.
Секој викенд патував за да го гушнам Игор, кој ми се насмевнуваше од креветчето, непогрешливо препознавајќи ме.
Па, целата седмица ме мотивираше да преживеам неговиот мирис во моите ноздри и отпечатокот од неговите малечки усни на вратот.
Агонијата траеше неколку месеци, а потоа гласот на срцето и разумот ја врати таа птичка во моето крило и го вратив Игор дома“.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





