На 62 години го запозна мажот на својот живот, го загуби по 15 години - Тажната љубовна приказна на Светлана Бојковиќ
- Детали
- сабота, 12 април 2025
„Кога во 2009 Славко се вратил во Белград од САД, наши пријатели решиле да нè спојат. Тие организираа заеднички вечери и тоа траеше околу 2 месеца, додека сами не решивме да отидеме на ручек“ - вели актерката за својот трет сопруг, кој почина неодамна.
Српската актерка Светлана Цеца Бојковиќ, или популарната Емилија Попадиќ од серијата „Бољи живот“, има тажна љубовна судбина - нејзините три брака завршија трагично.
По деценија и пол, исполнета со многу слога и љубов, Светлана е повторно сама.
Нејзиниот трет сопруг, српскиот амбасадор Славко Круљевиќ, почина неодамна од вирусна инфекција на градниот кош.
И актерката, наводно, била болна од истиот вирус, па неколку недели била на домашно лекување.
Светлана и Славко се запознале кон крајот на 2009 година преку заеднички пријатели. Во тоа време актерката имала 62 години.
„Негови пријатели, со кои се знаев и јас, ме поканија на вечера.
Пред да се запознаеме, тој бил 4 години во САД и во Њујорк ја вршел функцијата заменик шеф на мисијата на Србија во Обединетите Нации.
Па, во септември 2009, кога се вратил во Белград, нашите пријатели решиле да нè спојат. Тие продолжија да ги организираат заедничките вечери и тоа траеше околу 2 месеца, додека сами не решивме да отидеме на ручек“ - рекла таа.
Со текот на времето, меѓу нив се развиле чувства и тие се венчаа скоро една и пол година подоцна, во мај 2011-та.
Судбоносното „да“ го изговорија во нејзиниот стан, а на интимната венчавка беа само неколку пријатели и ќерката на Светлана од првиот брак, актерката Катарина Жутиќ.
Од домот на Светлана, младенците се упатиле кон дипломатскиот клуб на Авала, каде што имале мала прослава.
„Без оглед на возраста, верувам дека сум млада во духот и тоа е најважната работа. Можеби со својот потег ќе охрабрам и друга жена да си ја најде среќата, а ако се случи тоа, ќе ми биде мило“, рекла таа брзо по свадбата.
По венчавката, парот се преселил во Хелсинки, Финска, каде што Славко ја вршел должноста на амбасадор на Србија.
Светлана не криеше дека е конечно среќна, откако се разведе од првиот сопруг, а вториот ѝ почина.
„Со Славко сум мирна веќе 10 години. Кога се вративме од Финска, тој замина во пензија, па сега малку пишува.
Убаво ни е, тој е ведар и духовит човек, што ми е многу важно, и убаво живееме, соодветно на нашите години“, рекла своевремено актерката.
Сепак, нејзината среќа ја прекина смртта на сопругот, по неполни 14 години брак.
Пред да се омажи со Славко, таа беше во брак со глумецот Милош Жутиќ, со кого ја има ќерката Катарина.
За Милош се омажила на 21 година (тој имал 8 повеќе). Бракот имал подеми и падови, но пропаднал кога Цеца се заљубила во режисерот Љубомир Драшкиќ Муци.
Таа му го признала тоа на својот сопруг, па иако се развеле, сепак до крајот на неговиот живот (почина во 1993) останале во добри односи.
Светлана, пак, се омажи за режисерот и беше во брак со него до 2004 година, кога тој почина на свои 67 години, а актерката остана вдовица.
Нова љубов пронајде на 62 години, но таа траеше многу кратко, и Светлана е повторно сама.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





