Почина сопругот на српската актерка Светлана Бојковиќ - 14 години беа неразделни
- Детали
- вторник, 18 март 2025
Миленичката на публиката, популарната Емилија Попадиќ од серијата „Bolji život“, го загуби својот сопруг по повеќемесечна борба со вирусна инфекција на градите.
Актерката Светлана Цеца Бојковиќ го загуби сопругот по 14 години брак.
Славко Круљевиќ, сопругот на актерката беше српски дипломат и амбасадор на земјата во Финска.
Тој починал по повеќемесечна борба со вирусна инфекција на градите.
„Точно, Славко почина, во моментов сум во хаос, завршувам некои административни работи, во голема гужва сум.
Во прашање е некој вирус, нешто со градите. Верувајте, ни самата не знам како се случи ова“, рекла актерката за српски „Блиц“ со грутка во грлото.
Според медиумите, и Светлана била болна од истиот вирус и ѝ ослабнал имунитетот, но таа и понатаму се грижела за својот сопруг.
Поради болеста ги откажала сите претстави периодов и била целосно фокусирана на сопругот.
Славко е трет маж на актерката која публиката ја засака преку серијата „Bolji život“, каде што ја глумеше Емилија Попадиќ.
Тие стапија во брак во 2011 година во Белград, но поради сопругот, Светлана брзо по венчавката се пресели во Хелсинки.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





