„Најубавата жена“ - Сопругата на Огњен Амиџиќ, која беше мета на критики, конечно почна да добива пофалби
- Детали
- сабота, 18 јануари 2025
„Колку си само благословено убава жено...“ е еден од комплиментите кој го добила Мина, сопругата на Огњен Амиџиќ, која беше мета на хејтери и прогласена за „пластична“ и „растурачка на бракови“.
Водителот Огњен Амиџиќ и неговата сопруга Мина Наумовиќ во 2024-та станаа родители на синот Перун, а преслаткото момче постојано добива комплименти од нивните следбеници на социјалните мрежи.
Но, за жал, Мина долг период добиваше само критики.
Од критики на сметка дека изгледот не и е природен, за што таа објавуваше фотографии од детството да докаже дека нема правено козметички зафати на себе, па до тоа дека е растурачка на бракови и дека поради неа Огњен се развел од Данијела Димитровска.
Но, фановите на најпознатиот српски водител очигледно почнаа да ја прифаќаат за што таа се пофали на Инстаграм.
Мина сподели какви комплименти почнала да добива во пораки:
„Најубава жена на денешнината“.
„Колку си само благословено убава жено...“
„Поздрав за тројцата од вашиот Шабац. Мина, прекрасна си, исто како што те помнам од школските денови“.
„Колку си преубава... Ова никому кој не го познавам не сум му го кажала, но за тебе чувствувам дека имаш чиста душа, и убава како што ти е и лицето“.
„Мора да ти кажам дека детето ти е преубаво! Не сум фан на машки деца, но твојот малечок е нереален“.
„Јас не можам да му се нагледам на вашето дете, нека е жив и здрав, преубав е“.
Инаку, дека парот ужива во брачната идила доказ е и тоа што во една пригода Мина на прашањето: „Што сакаш најмногу кај Огњен?“ одговори:
„Сакам сè во врска со него. Тој едноставно е маж кој „умее“.
Но, ако морам да се одлучам за една работа во врска со него, тоа нека биде исконската, детска радост и чистина која ја носи во себе“.
С. С. | Црнобело