„Од магаре на коњ“ - Данијела Димитровска доби пофалби за партнерот, откако објави видео со него
- Детали
- вторник, 07 јануари 2025
По разводот со Огњен Амиџиќ, убавата бринета пронајде утеха во фудбалерот Јеврем Косниќ, кој е 6 години помлад од неа. „Преубави! Ваков господин ти прилега“, коментираат фановите на нејзиното ново видео.
Данијела Димитровска, поранешната сопруга на српскиот ТВ водител и музичар Огњен Амиџиќ, е лудо вљубена во новиот дечко, фудбалерот Јеврем Косниќ, кој е 6 години помлад од неа.
Во празничниот период Данијела објави видео со кадри од годината која ја минала со него.
Насмеана и среќна, таа очигледно го преболи и заборави поранешниот сопруг Огњен Амиџиќ, со кој има син на возраст од 11 години.
Огњен се прежени со 14 години помладата Мина Наумовиќ со која го доби синот Перун.
Според коментарите на фановите под видеото на Данијела, новиот помлад дечко за неа е подобра опција од Огњен Амиџиќ и покрај него таа изгледа посреќно.
„Од коњ на магаре. Конечно вистински избра“.
„Прекрасни сте, ти си вистински пример за женска убавина, сила и нежност, а тој е вистински мачо, алфа мажјак и машка сила на која можеш да се потпреш во тешките мигови“.
„Преубави! Ваков господин ти прилега“, коментираат нејзините следбеници.
Кликнете на видеото:
С. С. | Црнобело