Наташа од „Фрајле“ со трогателна исповед: „Брат ми се самоуби, додека јас бев во соба до неговата“
- Детали
- понеделник, 16 декември 2024
„Буквално денот пред да си го одземе животот, брат ми Рале (26) се шегуваше со моите другарки. Така што не знаеме ние колку мрак има во некои души...“, вели Наташа Михајловиќ од групата „Фрајле“ и испраќа моќна порака до сите.
Наташа Михајловиќ од групата „Фрајле“, која почна да гради и своја соло кариера, во гостување во српската емисија „Ispovest“ отворено проговори за најболното искуство во нејзиниот живот.
Таа зборуваше за нејзиниот брат Рале, кој пред 20 години си го одзел животот на само 26-годишна возраст, а сега му ја посвети песната „Пробуди ме, зови ме“.
Пораката во песната е луѓето кои имаат проблем да побараат помош, да кажат што ги мачи, да се отворат, да разговараат и да пронајдат поддршка во другите.
Нејзината исповед гласи:
„Брат ми си го одзеде животот додека јас спиев во собата до неговата.
Тој мене не ме бараше, не ме повика.
Беше ноќ, јас се разбудив утрото и тој повеќе не беше жив.
И таквата загуба во целост ви го менува животот... Мене, на моето семејство, на моите пријатели, апсолутно на сите.
Буквално денот пред да си го одземе животот се шегуваше со моите другарки. Така што не знаеме ние колку мрак има во некои души.
Јас мислам, говорејќи од некоја моја перспектива, дека на мојот брат можеше да му се помогне.
Ако можеби отидеше на психијатар, ако имаше некаква превенција ќе беше поинаку.
А превенцијата, започнува со едукација“.
Наташа додава дека идејата на нејзината песна, која ја посветила на брат ѝ, е да се помогне и на другите.
Таа јавно ја кажува приказната за да почне поотворено да се разговара на овие чувствителни теми и менталното здравје да стане приоритет.