Го остави заради притисокот од жените кои му се фрлаа во прегратки – Која е најголемата љубов на Здравко Чолиќ?
- Детали
- недела, 16 март 2025
„Имам почит кон неговото семејство, но еднаш го прашав: 'Зошто сето ова ни се случи, што мислиш?', а тој ми одговори 'Можеби се сретнавме прерано',“ вели босанската актерка, на која Чола ѝ ја посвети песната „Noć mi te duguje“.
Со години се зборува дека во минатото, многу девојки доаѓале пред зградата на Здравко Чолиќ во Сараево, само за да го видат најголемиот заводник на естрадата.
Чолиќ отсекогаш бил вистински шармер. И скоро и да не постои жена која не „паднала“ на неговата харизма и насмевка.
Па, иако долги години е во складен брак со сопругата Александра, сепак, многумина тврдат дека негова најголема љубов била актерката Јасна Орнели Бери.
Здравко и Јасна никогаш не криеја дека се во врска, а низ годините успеаја да останат пријатели и повремено да се слушнат или видат.
Јасна често ја прашуваат за љубовта со Чола, па во едно интервју таа раскажа:
„Кога и да ме прашаат, секогаш кажувам дека го сакав, меѓу другото, и тој негов „живец“. Тој го има тој ’нерв‘ кој до ден денес зрачи и освојува сè од 7 до 77.
Го носи во себе, тој навистина е прекрасна личност. Имав среќа првпат да се заљубам во некој како него, кој беше вреден, а да не зборува за неговиот изглед, изгледаше како принц“.
Таа откри и дека во 2001 година со Здравко имале заедничко интервју, а во кое, исто така, зборувале за својата љубов.
„Избегнувам да зборувам за него. Дадовме заедничко интервју во 2001 година, кога тој првпат гостуваше по војната во Загреб.
И зборувавме за нашата љубов. Видете, јас имам почит кон неговото семејство, но еднаш го прашав: „Зошто сето ова ни се случи, што мислиш?“, а тој ми одговори: „Можеби се сретнавме прерано“... зашто во тоа време неговата кариера тргна нагоре“, рекла Јасна.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





