Го остави заради притисокот од жените кои му се фрлаа во прегратки – Која е најголемата љубов на Здравко Чолиќ?
Чола на Јасна ѝ посвети една од своите најпознати песни „Noć mi te duguje“.
„Па, така рече во интервјуто, кога гостувавме заедно.
Новинарот му рече дека песна не се посветува туку-така, на што Здравко одговори дека „Jasmina“ има некои сличности со мене, но не е таа, туку дека „Noć mi te duguje“ е за мене“.
Јасна и Здравко, според неа, продолжиле да се гледаат и кога тој заминал да пее со групата „Корни“.
„А кога се врати, јас веќе бев омажена“, рекла Јасна.
На новинарско прашање дали му го скршила срцето, таа вели дека не е точно.
„Па, не, не, тешко е, но тоа треба да го прашате од него. Но, Здравко тогаш ме праша: „Па зошто се омажи?“. Малку се пошегува, но едноставно, јас сум посесивна личност кога сакам.
Сè што правам, правам до крај и без двоумење. Свесна бев дека ние ќе продолжиме да се гледаме, но јас, едноставно, не можев да ја поднесам целата таа количина на други жени кои…
Тој ништо, верувајте ми, тој ништо не правеше, тие самите му се нафрлаа. Знаете, си седиме, а тие малтене ќе му седнат во скут.
И сфатив дека нема да можам да се носам со тоа, па му кажав дека е подобро секој да си го живее својот живот.
Не бев особено паметна во тие искуства, само инстинктивно реагирав, а имам силна интуиција и бев свесна дека само ќе страдам во таа врска, разбирате“, додала Јасна.
Сепак, Јасна и Здравко успеале својата љубов да ја претворат во убаво и силно пријателство.
„Тоа е мојата прва љубов, но, како што вели тој, нашите гревови од младоста и нашата страст се претворија во нешто многу повредно.
Сè уште сме пријатели и свесни сме дека секогаш ќе сме тука еден за друг. Тој секогаш ќе има место во моето срце“, вели Јасна Бери.
Погледнете го видеото:
Прочитајте и Се венчал со неа на 50 години, негова обожавателка ја исекла по лицето: Која е сопругата на Здравко Чолиќ?
А. Ј. | Црнобело / фото: Фејсбук
Би можело да ве интересира:





