Јелена Карлеуша брутално искрена: „Душко ми рече да се убијам по голите фотки – жигосана сум заради нив“

„Мојот живот е уништен на 1000 начини. И сопругот Душко тогаш ми велеше дека треба да се убијам и дека тоа е единствен начин да ја избришам црната дамка од семејството. Не го послушав бидејќи имам две прекрасни ќерки“ - Јелена Карлеуша во гостување во емисија беше брутално искрена за голите фотки кои ја следат како сенка, но зборуваше и за кавгата со Милица Павловиќ.

jelena-karleusha-brutalno-iskrena-dushko-mi-reche-da-se-ubijam-po-golite-fotki-zhigosana-sum-zaradi-niv-01.jpg

За првпат откако ѝ беше изгасен Инстаграм профилот со неколку милиони следбеници, Јелена Карлеуша гостуваше во емисија на српската Курир телевизија.

За време на гостувањето, водителите беа заинтересирани за повеќе области во нејзиниот приватен и професионален живот, а таа како и секогаш, беше брутално искрена.

Таа зборуваше за отсуството од социјалните мрежи, за кавгата со Милица Павловиќ, но и за темата која секогаш ја следи како сенка – голите фотки и турбуленциите во бракот со Душко Тошиќ.

„Можам да отворам нов Инстаграм профил и да ги повикам сите пријатели од медиумите и фановите преку Фејсбук, каде ме следат милион луѓе, и брзо да стигнам до истиот број на следбеници.

Но, мојата кариера не е Инстаграм, туку 30 години музика. Исклучувањето на една мрежа не може да биде исклучување на личност. Ми удрија по лебот.

Пред некој ден ја избришав и апликацијата X. Без разлика што ќе напишам таму, тие секогаш се враќаат на приказната за мојот полов орган, само тоа ги интересира“.

Во емисијата не беше прескокната ниту кавгата, односно прекинот на големото пријателство кое го имаа со Милица Павловиќ.

Тие се поддржуваа една со друга, секогаш зборуваа за нивната блискост, па дури и немаше интервју во кое не беа прашувани за нивната поврзаност. 

Неодамна, Јелена на својот Фејсбук профил, откри која е причината за тоа.

„На Милица многу ѝ помогнав во кариерата, искрено, несебично и лавовски. А потоа, ми испратија скриншот од нејзината многу блиска сестра која на Инстаграм споделува петиција за да се исклучи мојот профил на мрежата.

Ако тоа беше моја сестра, ќе ѝ ја откинев главата ако сподели нешто такво не за Милица, туку за кој било пејач, бидејќи му удира по лебот, интегритетот, работата, правото на говор. Тоа го прават бедници.

Милица не ми ни пиша порака откако ја отследив од Инстаграм бидејќи знаеше што е причината. Не ме прашувајте веќе за неа“ – напиша Карлеуша во објавата на Фејсбук.

jelena-karleusha-brutalno-iskrena-dushko-mi-reche-da-se-ubijam-po-golite-fotki-zhigosana-sum-zaradi-niv-3.jpg

На прашањето на водителите во емисијата пак, Јелена одговори дека нивната ситуација не е за „две пејачки кокошки кои се скарале“, туку дека е посериозно, проследено со линч, закани со смрт, гасење на права на живот и работа, односно учество во истото.

„Милица не се постави на моја страна во заканите со смрт од еден олош, туку му праќаше срца, и тоа откако јас објавив скриншот од заканите. Никогаш не ме побара, знаеше што се случува, очигледно тоа со неа не беше вистинско пријателство, иако секогаш ја поддржував“.

jelena-karleusha-brutalno-iskrena-dushko-mi-reche-da-se-ubijam-po-golite-fotki-zhigosana-sum-zaradi-niv-.jpg

Јелена проговори и за тоа дека што и да направи, секогаш луѓето се враќаат на нејзините скандали од приватниот живот, па нагласи „Што сум правела и дали сум го изневерувала сопругот, не треба да биде ничија работа освен моја приватна работа“.

jelena-karleusha-brutalno-iskrena-dushko-mi-reche-da-se-ubijam-po-golite-fotki-zhigosana-sum-zaradi-niv-07_copy.jpg

Иако во животот има минато низ многу бури, јавно признава дека најтежок период ѝ бил оној кога беше актуелна по аферата со фудбалерот Огњен Врањеш, голите фотографии кои протекоа во јавност од неговиот телефон, како и смртта на нејзината мајка во екот на скандалот.

„Многу жени не би го преживеале тоа, а тогаш ми почина и мајка ми. Тоа беше најлошиот период во мојот живот, затоа и се разведов. Тоа засекогаш ќе ме следи, жигосана сум како вештерка заради тие фотографии.

Мојот живот е уништен на 1000 начини. Никој не знае зошто сум имала комуникација со тој човек, дали во бракот имало насилство...

jelena-karleusha-brutalno-iskrena-dushko-mi-reche-da-se-ubijam-po-golite-fotki-zhigosana-sum-zaradi-niv-08_copy.jpg

Пријателите тогаш за да ме утешат ми велеа – Секоја чест, колку си силна, јас на твое место ќе се убиев. И сопругот Душко тогаш ми велеше дека треба да се убијам и дека тоа е единствен начин да ја избришам црната дамка од семејството.

Не го послушав бидејќи имам две прекрасни ќерки и причина да живеам“ – сподели таа пред водителите.

Прочитајте и Ја посетувал кога Душко не бил дома, 11 години е помлад од неа – Сите детали за аферата што ѝ го уништи бракот на Карлеуша

Погледнете го видеото со извадоци од емисијата:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша: „Зад секоја успешна жена стои маж кој ја кочи“ „Мажот може само да ме закочи, да ми го расипе денот. Мене емоциите ме закочуваа...
Јелена Карлеуша по разводот: „Имам милион проблеми, но стилот не е на тој список“ „Село гори, баба се чешла, јас имам милион проблеми, но стилот не е на тој списо...
Опасни животни што живеат во плитките води во грчките мориња – на што треба да внимавате? Освен што треба да се пазите од виолетови медузи и дракони, треба да внимавате и...
Јелена Карлеуша со емотивно сеќавање за Тоше: „Никогаш не сум плачела толку многу како дента кога за... „Тоше беше неуморен. И пееше како некоја виша сила да го тера да пее цело време,...
По 25 години љубов, се разведува најубавиот српски политичар Чедо Јовановиќ: „Звучи лудо, но и понат... „Имавме 25 години безусловна љубов, нешто што некои луѓе само го сонуваат, а јас...
Ја посетувал кога Душко не бил дома, 11 години е помлад од неа – Сите детали за аферата што ѝ го уни... Јелена и Огњен две години имале афера која била „јавна тајна“, за која знаеле си...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg