Јелена Карлеуша: „Зад секоја успешна жена стои маж кој ја кочи“

„Мажот може само да ме закочи, да ми го расипе денот. Мене емоциите ме закочуваат. Ми го уништуваат фокусот...“, вели Јелена Карлеуша во едно гостување, каде проговори и за односот со мајка му на бившиот Душко Тошиќ.

jelena-karleusha-zad-sekoja-uspeshna-zhena-stoi-mazh-koj-ja-kochi-01.jpg

Јелена Карлеуша во видео интервју за српскиот медиум „Alo“ искрено проговори за нејзините ставови кон мажите, но и за одличниот однос кој го има со мајката на нејзиниот некогаш сакан Душко Тошиќ.

Во ова гостување таа вели:

„Мажот може само да ме закочи, да ми го расипе денот. Мене емоциите ме закочуваат. Ми го уништуваат фокусот.

Тоа е проблем на поголемиот дел од жените (потврдува водителката).

Така е! Зад секој успешен маж стои една успешна жена и зад секоја успешна жена стои маж кој ѝ пречи, кој ја кочи.

Е, тој што нема да ме кочи, тој ќе биде вистинскиот партнер за мене“.

Потоа на тема неверства Карлеуша вели:

„Не сакам да кажам дека ако ти ме изневеруваш мене, ќе те изневерувам и јас тебе, но да, така е. Нели сме еднакви?“

И потоа проговори за односот со мајката на нејзиниот бивши Душко Тошиќ:

„Најмногу ја сакам Николета, мајка му на Душко, која можам да кажам дека многу, многу ме сака и жал ми е поради сè што минува како една жена која не е виновна за ништо и која многу бурно и тешко ги преживува овие години. Меѓудругото и поради мене.

Ја поздравувам и ѝ испраќам бакнежи и ѝ благодарам за сета љубов“.

jelena-karleusha-zad-sekoja-uspeshna-zhena-stoi-mazh-koj-ja-kochi-03.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша со емотивно сеќавање за Тоше: „Никогаш не сум плачела толку многу како дента кога за... „Тоше беше неуморен. И пееше како некоја виша сила да го тера да пее цело време,...
Јелена Карлеуша по разводот: „Имам милион проблеми, но стилот не е на тој список“ „Село гори, баба се чешла, јас имам милион проблеми, но стилот не е на тој списо...
Пар од шоуто „Задруга“ на раб на егзистенција: Двајцата се тешко болни, имаат 6 деца Раде и Рада Васиќ се брачен пар од Србија кој се прослави со контроверзното ре...
Првата жена пилот во Turkish Airlines: „Мајка ми ми велеше дека ова не е женска професија“ „Бев многу мала кога ѝ кажав на мајка ми дека сакам да бидам пилот, а таа ми одг...
Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се... „Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишнат...
Ја посетувал кога Душко не бил дома, 11 години е помлад од неа – Сите детали за аферата што ѝ го уни... Јелена и Огњен две години имале афера која била „јавна тајна“, за која знаеле си...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg