По 25 години љубов, се разведува најубавиот српски политичар Чедо Јовановиќ: „Звучи лудо, но и понатаму ја сакам бескрајно“

„Имавме 25 години безусловна љубов, нешто што некои луѓе само го сонуваат, а јас го доживеав. Тоа ми е нешто најсвето и така ќе биде додека дишам“ - вели Чедо Јовановиќ, кој потврди дека пред 10 месеци поднел барање за развод од сопругата Јелена.

po-25-godini-se-razveduva-najubaviot-srpski-politichar-chedo-jovanovikj-zvuchi-ludo-no-i-ponatamu-ja-sakam-beskrajno-01_copy.jpg

Чедомир Јовановиќ, кој долги години важи за најубавиот српски политичар, по 25 години љубов се разведува од сопругата Јелена, со која има 4 деца.

Политичарот барањето за развод го поднел во февруари 2024, но во јавноста ова се дозна сега, десет месеци подоцна.

Тој за српски „Курир“ потврдил дека се разведува, а во изјавата рекол дека никогаш не си го замислувал животот без Јелена и дека и покрај тоа што веќе не се заедно, тој ја сака.

po-25-godini-se-razveduva-najubaviot-srpski-politichar-chedo-jovanovikj-zvuchi-ludo-no-i-ponatamu-ja-sakam-beskrajno-04_copy.jpg

„Точно, имавме 25 години безусловна љубов, нешто што некои луѓе само го сонуваат, а јас го доживеав. Тоа ми е нешто најсвето и така ќе биде додека дишам.

Јелена ми роди 4 прекрасни деца. Мене бескрајно ме инспирираше како човек. Јас не го бројам времето и претпоставувам дека на сите им е очигледно дека таа е мојот свет.

Животот е и ваков и таков, но во најголема мера е онаков каков што ќе го направиме самите, а за мене, кога е во прашање Јелена, тука не постои ништо друго освен љубов.

po-25-godini-se-razveduva-najubaviot-srpski-politichar-chedo-jovanovikj-zvuchi-ludo-no-i-ponatamu-ja-sakam-beskrajno-05.jpg

Ние сме возрасни луѓе со свои животи, потреби и ништо не е повредно од чиста љубов.

А таа не смее да се продава за некои евтини компромиси, во некој балкански свет во кој живееш еден живот на фотките, а друг во реалноста.

Како и досега, јас неа би сакал да ја сочувам за себе колку што може повеќе и не би сакал да нè гледам нас во вестите, како што ги гледав другите парови, кои се распаѓаа од што се мразеа.

po-25-godini-se-razveduva-najubaviot-srpski-politichar-chedo-jovanovikj-zvuchi-ludo-no-i-ponatamu-ja-sakam-beskrajno-08.jpg

Колку и да е лудо, таа е и понатаму личноста што ја сакам бескрајно. Никогаш не сум го замислувал животот без неа, а ни таа без мене.

На секој му е тешко на свој начин и би сакал да ѝ помогнам колку што можам, не само поради децата и пријателите, туку поради неа.

Не можам да поднесам да живееме, а да гледам низ неа, или таа низ мене, како да не постоиме“, рекол Чедо во изјавата.

po-25-godini-se-razveduva-najubaviot-srpski-politichar-chedo-jovanovikj-zvuchi-ludo-no-i-ponatamu-ja-sakam-beskrajno-07.jpg

Сепак, парот низ годините имаше бројни проблеми. 

Неколкупати претходно сроските медиуми пишуваа дека тие се разведуваат, а како причина наведуваа разлика во годините (Чедо е 8 години постар од сопругата), неверства, семејно насилство.

Последниот немил настан (за кој се знае јавно), се случи во 2022 година, кога мајката на Јелена го пријавила политичарот во полиција, бидејќи тој, наводно, ја претепал сопругата.

Тогаш Чедо беше повикан на сослушување, но демантираше дека кренал рака на мајката на неговите деца и парот остана заедно.

po-25-godini-se-razveduva-najubaviot-srpski-politichar-chedo-jovanovikj-zvuchi-ludo-no-i-ponatamu-ja-sakam-beskrajno-10.jpg

А. Ј. | Црнобело / фото: Фејсбук

Би можело да ве интересира:

„Што ти е тебе сестро?“ - Српски монах јавно ја осуди Јелена Ѓоковиќ „Јелена носи некои луѓе од белиот свет за да ги учат родителите во Србија како с...
Јелена Карлеуша: „Зад секоја успешна жена стои маж кој ја кочи“ „Мажот може само да ме закочи, да ми го расипе денот. Мене емоциите ме закочуваа...
Јелена Карлеуша со емотивно сеќавање за Тоше: „Никогаш не сум плачела толку многу како дента кога за... „Тоше беше неуморен. И пееше како некоја виша сила да го тера да пее цело време,...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Пар од шоуто „Задруга“ на раб на егзистенција: Двајцата се тешко болни, имаат 6 деца Раде и Рада Васиќ се брачен пар од Србија кој се прослави со контроверзното ре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg