„Што ти е тебе сестро?“ - Српски монах јавно ја осуди Јелена Ѓоковиќ
- Детали
- среда, 11 декември 2024
„Јелена носи некои луѓе од белиот свет за да ги учат родителите во Србија како се воспитуваат деца. Што ти е бре тебе, сестро Јелена, дали си нормална? Што правиш?“, гласи дел од објавата на монахот Арсеније.
Јелена Ѓоковиќ е позната како личност која постојано се бори за здраво родителство и не ги крие начините на кој тоа го прави со синот Стефан и ќерката Тара, кои ги има од бракот со Новак Ѓоковиќ.
Таа често организира и конференции на кои се зборува на оваа тема и кои имаат за цел подобрување и помош на родителите во процесот на воспитување на децата.
Токму во тој дух таа во Србија повторно организираше настан од ваков тип со соговорници од странство, но наиде на критики од страна на монах по име Арсеније.
Монахот Арсеније на Инстаграм профилот на манастирот Трескавац (Рибник) објави фотографија од билбордот за конференцијата и во описот ја осуди Јелена, пишуваат српските медиуми.
Неговата објава гласи:
„Јелена носи некои луѓе од белиот свет за да ги учат родителите во Србија како се воспитуваат деца.
Го носи човекот Гордон Нојфелд (психолог од Ванкувер) во Белград. Што ќе ни е нам некој си Гордон Нојфелд?
Што ти е бре тебе, сестро Јелена, дали си нормална? Што правиш? Не можеш да правиш што ќе ти падне на ум.
Своите деца воспитувај ги како сакаш“.
Јелена по овој повод не се огласи, но се огласи Сашка Веселинов, сопруга на помалиот брат на Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе Ѓоковиќ.
Објавата на Сашка гласи:
„Цел ден размислувам дали да објавам нешто вакво. Отсекогаш ми зборуваат да не се мешам премногу во туѓи битки, па пробувам да исправам „криви дрини“.
Но, едноставно неправда, дури и туѓа, ја доживувам лично.
Кога ќе видам вакво нешто, тешко ми е да молчам.
Наместо да даде конструктивна критика или совет, тој одлучи да ѝ се обрати преку социјалните мрежи на начин кој предизвикува осуда и несогласување.
Ако имал добра намера, можел да напише писмо и да го достави на адресата на Фондацијата Новак или да се обрати на семејниот ресторан Новак.
Постојат многу можности за дијалог, кој би бил во духот на она кое православието го пропагира – љубов, разбирање и меѓусебна почит.
Но, наместо тоа, социјалните мрежи се користат како полигон за јавна критика. Зар не е подобро луѓето да се водат на правиот пат преку дијалог, а не со вакви јавни напади?
Конкретната ситуација ме наведува на прашањето – Ако вака денес изгледа улогата на поповите на социјалните мрежи, во што тогаш тие се разликуваат од луѓето кои ги осудуваат другите луѓе?
Ова е многу вознемирувачко и отвора многу поголеми прашања за начинот на комуникација и одговорност. Навистина голем срам!“
Инаку, монахот Арсеније се вика Александар Јовановиќ, дипломиран стоматолог е, поминал 5 години по манастири низ целиот свет и се занимавал со музика.
С. С. | Црнобело