Се запознале кога имала 14 години, обвинувања дека ја тепал: Љубовната приказна на Чедо и Јелена Јовановиќ
- Детали
- сабота, 28 декември 2024
Иако изгледаше дека нивната љубов е совршена, особено по раѓањето на 4-те деца, не изостанаа ни скандалите. Медиумите пишуваа дека Чедо ја изневерил сопругата, а таа сакала да го напушти. Што знаеме за љубовната приказна на најубавиот српски политичар и жената од која се раздели по 25 години?
Во медиумите неодамна беше објавено дека српскиот политичар Чедомир Јовановиќ се разведува од сопругата Јелена по 25 години љубов.
Парот има 4 деца, за кои Чедо често знаел да каже дека му се центарот на светот, заедно со сопругата.
Токму затоа, и покрај неколкуте скандали кои ги следеа Чедо и Јелена низ годините, јавноста беше изненадена што тие се разведуваат.
Чедо, кој е 8 години постар од сопругата, го поднел барањето за развод на почетокот на 2024, но во јавноста ова се дозна десет месеци подоцна.
Најубавиот српски политичар, како што го нарекуваат со години, потврди дека веќе не е заедно со Јелена, па рече:
„Точно, имавме 25 години безусловна љубов, нешто што некои луѓе само го сонуваат, а јас го доживеав. Тоа ми е нешто најсвето и така ќе биде додека дишам. Јелена ми роди 4 прекрасни деца.
За мене, кога е во прашање таа тука не постои ништо друго освен љубов. Колку и да е лудо, таа е и понатаму личноста што ја сакам бескрајно. Никогаш не сум го замислувал животот без неа, а ни таа без мене“.
Како почна љубовната приказна на Чедомир и Јелена?
Парот се запознал преку сопругата на убиениот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ - Ружица.
Таа сметала дека Јелена ќе биде вистинска жена за Чедо, иако во тоа време била само тинејџерка и имала 14 години, а тој 22.
Родителите на Јелена биле блиски со премиерот и неговата сопруга, па токму затоа Ружица решила да ја спои со Чедо.
„Ружица имаше обичај да ми каже дека треба да ја запознаам, иако има 13-14 години, и дека за некоја година ќе биде супер девојка. Ми велеше: Доста губиш време со тие твои девојки по Белград.
Јелена е 8 години помлада од мене. Пред да почнеме врска, неколкупати се среќававме во седиштето на партијата, ништо значајно.
Но, откако го презедов изборниот штаб на партијата, решив да го подмладам кадарот, а меѓу 200-те момчиња и девојки што се пријавија, беше и формуларот што го пополнила Јелена“, кажал Чедо во дамнешно интервју.