Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се извинија“

„Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишната Лепа Лукиќ, кога новинарите ја прашаа за аферата со српскиот јутјубер Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе.

samo-ushte-divi-svinji-mi-falat-lepa-lukikj-za-prvpat-dade-izjava-za-navodnata-afera-so-baka-prase-01.jpg

Српската пејачка Лепа Лукиќ пред извесен период се најде среде скандал кога Јелена Карлеуша за време на нејзиното гостување во поткастот на Бака Прасе рече дека од неа слушнала дека младиот јутјубер е одличен во кревет.

Оваа изјава на Јелена беше пренесена во сите српски и регионални медиуми, заради што Јелена и Бака Прасе мораа јавно да ѝ се извинат на 84-годишната пејачка.

samo-ushte-divi-svinji-mi-falat-lepa-lukikj-za-prvpat-dade-izjava-za-navodnata-afera-so-baka-prase-02_copy.jpg

Лепа се закани прво со тужби, а потоа рече дека се повлекува од судскиот процес, откако Јелена јавно се извини.

„Лепа, те молам, јас се шегував. Те сакам, те обожавам. Уште со тебе ми фали да одам на суд, само со тебе од пејачките не сум била на суд. Се шегував…

Таа ми се налути. Лепа, јас само реков дека си го видела Бака Прасе и дека си слушнала сешто за него.

Мислам дека таа нема поим што реков јас, туку дека новинарите ѝ пренеле некоја глупост. Ако погледне, ќе сфати за што се работи“ – ѝ порача Јелена на својата колешка за време на гостувањето во поткастот на Стефан Лазаров.

lepa-lukikj-prvpat-se-oglasi-po-skandalot-za-navodnata-afera-so-baka-prase-sakav-da-gi-tuzham-no-se-izvinija-07.jpg

По ова и Бака Прасе јавно ѝ се извини на Лепа.

Таа синоќа присуствуваше на еден настан во Белград каде даваше изјава за медиумите, а очигледно е дека сѐ уште не може да им прости на Лепа и Бака Прасе за несолената шега.

samo-ushte-divi-svinji-mi-falat-lepa-lukikj-za-prvpat-dade-izjava-za-navodnata-afera-so-baka-prase-04.jpg

Новинарите ја прашаа за аферата и за Јелена Карлеуша, на што таа кратко одговори:

„Ма оставете го Прасето, уште диви свињи ми фалат.

Сѐ и сешто поминав, само уште диви свињи ми фалат! Ми се извини будалата. Сакав да ја тужам, но, по тоа извинување одлучив да преминам преку сѐ.

Прасе демантира и јас сум согласна со него“ – рече Лепа и го напушти интервјуто.

samo-ushte-divi-svinji-mi-falat-lepa-lukikj-za-prvpat-dade-izjava-za-navodnata-afera-so-baka-prase-05.jpg

Инаку, претходно Лепа беше видно вознемирена по изјавата на Јелена, па рече дека трпела и молчела за секакви афери додека била млада, но дека нема намера да молчи во 9-тата деценија од животот и по 60 години кариера.

Погледнете ја реакцијата на Лепа Лукиќ на прашањето за аферата (на 2:00):

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша: „Зад секоја успешна жена стои маж кој ја кочи“ „Мажот може само да ме закочи, да ми го расипе денот. Мене емоциите ме закочуваа...
Јелена Карлеуша со емотивно сеќавање за Тоше: „Никогаш не сум плачела толку многу како дента кога за... „Тоше беше неуморен. И пееше како некоја виша сила да го тера да пее цело време,...
По 25 години љубов, се разведува најубавиот српски политичар Чедо Јовановиќ: „Звучи лудо, но и понат... „Имавме 25 години безусловна љубов, нешто што некои луѓе само го сонуваат, а јас...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Пар од шоуто „Задруга“ на раб на егзистенција: Двајцата се тешко болни, имаат 6 деца Раде и Рада Васиќ се брачен пар од Србија кој се прослави со контроверзното ре...
Наташа од „Фрајле“ со трогателна исповед: „Брат ми се самоуби, додека јас бев во соба до неговата“ „Буквално денот пред да си го одземе животот брат ми Рале (26) се шегуваше со мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg