Едина Муса: „Си шетам по кеј со син ми и некој ми свири, замислете да ме згази автомобил на пешачка патека“
- Детали
- четврток, 27 март 2025
„Тоа е... Со автомобил на кеј. Страшно! Не е можно – дали е сериозен? Леле, тргна надолу... Ќе се превртиш човеку! Сине, ќе бидеш кошаркар и ќе бегаш подалеку од ваков идиотизам!“, коментира изреволтирано Едина Муса на Инстаграм.
Едина Муса периодов е на породилно отсуство и ужива во прошетките и заедничките мигови со својот син Максим, кој го доби со сопругот Александар Димитровски.
Таа го учи да сака животни уште од најмала возраст, но и вели дека ќе го учи да биде добар и културен човек и да бега од идиотизам.
За последниот коментар Едина е инспирирана од навистина некултурна сцена на кејот на Вардар на која посведочила.
Автомобил возел на пешачката патека на кеј, а потоа дури се качил нагоре по насипот.
Едина снимајќи видеа од ситуацијата на Инстаграм Стори прокоментира:
„Тоа е... Со автомобил на кеј. Страшно!
Не е можно – дали овој е сериозен? Леле, се качи нагоре, па автомобилот му тргна надолу... Страшно! Ќе се превртиш човеку.
Сине, ќе бидеш кошаркар и ќе бегаш подалеку од ваков идиотизам!
Што е најјако, се шетаме со Максим по кеј, што ни е во маало.
И слушам автомобил и си мислам нема шанси да е на кеј. Кога ми свири.
Е нема појако од тоа да ме згази автомобил на кеј на пешачка патека. Што да кажам, немам коментар веќе!“.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





