Едина Муса со синот во рака на дружба со Ирина Камилоска - покажа како си го олеснува доењето
- Детали
- среда, 12 март 2025
Со практичен розов дуксер на патент, кој се отвора во пределот на градите, Едина Муса си го олеснува доењето додека е на средба со нејзината пријателка Ирина Камилоска и нивните новороденчиња.
Поранешната кошаркарка и фитнес тренер, Едина Муса на 19.02.2025 стана мајка. Таа се породи на Државната клиника во Скопје.
Едина роди син, за кого со сопругот Александар Димитровски – Мачка го избраа името Максим.
Сега, Едина и Максим веќе уживаат во заедничките прошетки, а се дружеа со Ирина Камилоска и нејзината ќерка Лена.
Двете се добри пријателки, Едина пред породилното отсуство беше одговорна за тренинзите на Ирина, која по двете бремености има за цел повторно да ѝ се врати на својата љубов – планините.
Ирина најави дека и со второто детенце, ќерката Лена, ќе организира групи на мајки за искачување на Водно, како што правеше по раѓањето на синот Јосиф, па не е ни чудно ако двете другарки се дружат и на овој начин.
Инаку, Едина сподели како си го олеснува доењето, кога е излезена.
Таа носи практични дуксери со патент, кои се отвораат токму во пределот на градите.
Едина се одлучи за дуксер во розова боја и изгледа одлично по породувањето.
Потсетете се на старото хит видео на Едина и Ирина (кликнете на него):
Прочитајте и Едина Муса за CRNOBELO: „Александар беше повозбуден што носам син, качив 13kg во бременоста“
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





