Ирина и Павле Камилоски добија ќерка, една и пол година по раѓањето на синот
- Детали
- понеделник, 13 јануари 2025
Ирина се породи денес на Државната клиника во Скопје, а ќерката ја роди во 42-та недела од бременоста.
Планинарката Ирина Камилоска и нејзиниот сопруг, пејачот Павле Камилоски, добија ќеркичка, која ќе се вика Лена.
Ирина се породи денес (13.01) на Државната клиника во Скопје, една и пол година откако го роди синот Јосиф.
Веста за раѓањето на бебето ја соопштија сестрите на Павле, кои заедно со пејачот чекаа на одделот за гинекологија и наздравија со бело вино.
Тие споделија заедничка фотографија на Инстаграм Стори со порака „Идемо, Ирена“.
Таа бебето го „износи“ до крај, односно ќерката ја роди во 42-та недела од бременоста.
Ирина беше активна трудница, исто како и кога беше бремена со синот Јосиф.
На само еден ден пред породувањето, таа го качуваше Водно заедно со сопругот и синот и објави неколку видеа од нивната снежна авантура, со порака „Бебето доаѓа наскоро“.
Ирина претходно преку Инстаграм одговараше и на прашања поврзани со мајчинството и бебето.
Тогаш кажа дека ако не ѝ пукне водењакот до крајот на 42-та недела од бременоста, лекарите ќе ѝ дадат инјекција за провокација, но и дека се надева дека ќе се породи по природен пат, исто како со синот.
Прочитајте и Ирина Камилоска во 42-ра недела од бременоста се качува на Водно: „Ако добијам болки ќе му се јавам на сопругот“
А. Ј. | Црнобело