Диџеј Мац доби син - со сопругата му дадоа име со силно значење
- Детали
- среда, 26 февруари 2025
Со сопругата Татјана, диџеј Мац ги живее најсреќните мигови – се реализираа во улогата на родители, а пред тоа со трудничка фотосесија открија дека едвај го чекаат новото поглавје од животот.
Диџеј Мац, односно Марјан Мац Петровски, се ожени во август 2023 со својата избраничка Татјана, а сега, на 24-ти февруари 2025 се реализираше и во улогата на татко.
На неговиот Инстаграм профил тој ја објави првата фотографија од синчето и напиша:
„24.02.2025
Нашето синче Петар стигна на овој свет.
Фала ви на сите за преубавите зборови и честитки... Сите да си ја дочекате истата радост, како и ние“.
Инаку, името Петар значи карпа, камен и поради тоа се смета за симбол за непристрасност, одлучност и постојаност.
Пред тоа парот направи трудничка фотосесија, а Мац напиша:
„Ново поглавје во животот наскоро доаѓа, а со тоа и новиот живот што се раѓа заедно од нас со нас.
Спремни сме да го пречекаме и да пружиме многу многу љубов“.
Кликнете на видеото за да ја видите нивната трудничка фотосесија:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





