Ноне си ја исполни желбата да плива со желки: „Една беше, ама пак се важи“
- Детали
- среда, 15 јануари 2025
„Да направам апдејт на мојата листа со желби: Денес пливав со желка! Добро, беше само една желка, ама еј, и понатаму се важи. Следни на листата: фламинга - чекајте ме, доаѓам по вас“ - напиша Ноне.
Поранешната пејачка Ноне Неделковака, која со години работи на брод и го пропатува светот, неодамна ја посети државата Курасао, која се наоѓа во јужниот дел на Карипското Море.
Таа уживаше на плажа, се сончаше, пиеше коктели, но Ноне се пофали и дека ѝ се исполнила една голема желба - да плива со желки.
Таа на својот Инстаграм објави неколку фотки и видеа од искуството и не ја криеше радоста.
„Да направам апдејт на мојата листа со желби: Денес пливав со желка! Добро, беше само една желка, ама еј, и понатаму се важи.
Следни на листата: фламинга - чекајте ме, доаѓам по вас“ - напиша Ноне.