„Во глуво доба од Кочани, се слушна крик, плач и тага, се молевме сите, Господе, да биде лага“
- Детали
- понеделник, 17 март 2025
„В Кочанско негде, кај в слаМа гореа цвета, убија деца! Во глуво доба од Кочани, се слушна крик, плач и тага, се молевме сите, Господе, да биде лага!“
Верица Стојанова Блажевска е наша новинарка и вљубеничка во пишаниот збор.
Таа по пожарот во Кочани кој ја зави Македонија во црно, напиша стихови кои трогнуваат и се инспириани од стихотворбата „Цветови“ од Славко Јаневски.
Нејзината објава на Фејсбук гласи:
В Кочанско негде,
кај в слаМа гореа цвета,
убија деца!
Во глуво доба од Кочани,
се слушна крик, плач и тага,
се молевме сите,
Господе, да биде лага!
Но од час во час,
нé стигаше зол глас,
од пламенот силен,
ни немаше спас!
Вистина беше! Вистина е! Изгоревме!
Броеја тие, плачевме ние, доста е!
В Кочанско негде,
кај в слаМа
гореше цвете,
родител бараше дете!
Застанете, прашајте, замолете, најдете!
Мајка да не плаче, татко да не колне!
Но, од час во час,
нé стигаше зол глас,
за многу нежни цвета,
немаше спас!
Проклет да е часот,
што в мугри чукна,
остави душа да вене,
дур срце ни пукна!
Клет да е клет,
секој што рака ставил,
да нема ден,
да нема миг да не зажали!
В Кочанско негде, кај в слаМа,
гореше цвете..
Како од утре,
да не плачеме,
да не жалиме,
кога ве нема веќе!
Верица Блажевска
Кочани, 16.03.2025 година
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





