Македонка ги откри најголемите грешки што ги прави по раѓањето на второто дете, а си ветила дека нема да ги повтори

„Реков нема да го научам бебето да спие во нашиот кревет, но...“, вели Зорица Николовска, водителката на радиоемисијата „Тик Так и Зорка“, која пред 4 месеци ја роди ќеркичката Јана.

makedonka-gi-otkri-najgolemite-greshki-shto-gi-pravi-po-ragjanjeto-na-vtoroto-dete-a-si-vetila-deka-nema-da-gi-povtori-01.jpg

Зорица Николовска, водителката на радиоемисијата „Тик Так и Зорка“, на 1 јули 2024 стана мајка на девојче, кое го доби името Јана.

Ова е второто дете на Зорица и нејзиниот сопруг Горан, со кого го има и синот Мартин.

Иако ужива во мајчинството и времето поминато со двете деца, но и посинокот Иван, Зорица на својот профил на Инстаграм сподели кратко видео преку кое ги откри најголемите грешки кои ги прави по раѓањето на ќерката.

Вели, кога потпораснал синот, си ветила дека нема да ги повтори и со второто дете, но ете, некои работи „се посилни од неа“.

makedonka-gi-otkri-najgolemite-greshki-shto-gi-pravi-po-ragjanjeto-na-vtoroto-dete-a-si-vetila-deka-nema-da-gi-povtori-04.jpg

На Инстаграм Зорица напиша:

„Пет грешки што реков дека никогаш нема да ги правам со второто дете, а сепак ги правам:

1. Нема да го научам бебето да спие во нашиот кревет... но, не можам да се замислам да спијам без неа.

2. Нема да го користам телефонот кога сум со бебето... ама тие кратки и преслатки насмевки и магични моменти сакам да ги претворам во спомени.

3. Нема да дозволам куќата да биде хаос... ама чувствувам дека ми е многу поважно да поминам квалитетно време со децата, отколку да средувам низ дома.

4. Нема да отстапувам од точно направената рутина за легнување... ама понекогаш насмевките, прегратките и заедничките моменти победуваат.

5. Реков дека нема да се споредувам со останатите мајки... ама, ете ме понекогаш како скролам низ видел или фотографии на Инстаграм, прашувајќи се зошто јас не сум толку организирана мајка“.

makedonka-gi-otkri-najgolemite-greshki-shto-gi-pravi-po-ragjanjeto-na-vtoroto-dete-a-si-vetila-deka-nema-da-gi-povtori-02.jpg

Таа побара мајките што ја следат да ѝ кажат дали и тие го прават истото и да ја дополнат нејзината листа, доколку постои уште нешто што е карактеристично за нив.

„Не си сама, и мене ми се случува истото“,

„Ова што го напиша и плус си ветив дека нема да го учам во раце да е цело време или дека нема да оставам да ми заспива на градите дур цица ама знам дека тоа ќе трае кратко и не сакам да го пропуштам тој момент“, се дел од коментарите.

makedonka-gi-otkri-najgolemite-greshki-shto-gi-pravi-po-ragjanjeto-na-vtoroto-dete-a-si-vetila-deka-nema-da-gi-povtori-03.jpg

Погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Инстаграм профилот на Ана од Охрид е како сцена од есенска бајка (фото) „Есента ми е омилена најмногу заради природата, нејзините бои, мирисот на цимет,...
Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg