Инстаграм профилот на Ана од Охрид е како сцена од есенска бајка (фото)

„Есента ми е омилена најмногу заради природата, нејзините бои, мирисот на цимет, постојано дома правам цимет ролнички, цимет колачиња, пита од јаболко“, вели Ана Илијевски (33) од Охрид за CRNOBELO.com.

instagram-profilot-na-ana-od-ohrid-e-kako-scena-od-esenska-bajka-foto-01.jpg

Ана Илијевски (33) од Охрид, магистер по казнено право и мајка на прекрасно девојче, има еден од најубавите есенски Инстаграм профили.

Од кадри од домот до фотографии од есенски украсени локали низ нашата држава, тој е буквално приказ зошто есента е магично годишно време.

Ана за CRNOBELO.com вели:

„Хоби и огромна љубов ми е фотографијата, обожавам да сликам. Особено ги сакам есента и зимата, затоа што може да се прави убави, 'cozy' фотографии. Едноставно, фотографии кои зрачат со топлина.

instagram-profilot-na-ana-od-ohrid-e-kako-scena-od-esenska-bajka-foto-03.jpg

Го сакам времето надвор и атмосферата, боите.

instagram-profilot-na-ana-od-ohrid-e-kako-scena-od-esenska-bajka-foto-08.jpg

Есента ми е омилена најмногу заради природата, нејзините бои, мирисот на цимет, постојано дома правам цимет ролнички, цимет колачиња, пита од јаболко, никаде без 'pumpkin spice latte', потаж од тиква. Омилени.

instagram-profilot-na-ana-od-ohrid-e-kako-scena-od-esenska-bajka-foto-07.jpg

instagram-profilot-na-ana-od-ohrid-e-kako-scena-od-esenska-bajka-foto-06.jpg

Обожавам локали кои се убаво украсени. Секогаш гледам кои локали имаат есенска нота, постојано следам на Инстаграм, без разлика во кој град и да се наоѓаат.

instagram-profilot-na-ana-od-ohrid-e-kako-scena-od-esenska-bajka-foto-04.jpg

Прочитајте и Локали низ Македонија кои се украсени како во есенска бајка – кочија со суви лисја, фиќо со тикви

Охрид оваа есен не е украсен, ама има преубава природа каде се прават преубави фотки.

instagram-profilot-na-ana-od-ohrid-e-kako-scena-od-esenska-bajka-foto-09.jpg

Но, затоа локалите во другите градови се совршени.

Esco’bar во Струга каде го служат најдоброто pumpkin spice latte, засекогаш омилениот хотел Шумски Фенери, секогаш предобро украсениот Breadway bakery во Скопје, во кој тешко дека некој ќе одолее на нивното топло чоколадо во најубавите чаши.

instagram-profilot-na-ana-od-ohrid-e-kako-scena-od-esenska-bajka-foto-20.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Објава на Македонка ги подели мислењата: „Охриѓани мавате со дрва и камења по скопјани, а со скапоти... Темата за односот на охриѓани и скопјани е несицрпна инспирација за коментари го...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Македонка ги откри најголемите грешки што ги прави по раѓањето на второто дете, а си ветила дека нем... „Реков нема да го научам бебето да спие во нашиот кревет, но...“, вели Зорица Ни...
Миа Костова изреволтирана откако дете го удрило со бокс во стомак син ѝ: „Булингот доаѓа од дома“ (в... Миа Костова вели дека нејзиниот син е повторно жртва на булинг - откако пред изв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg