Факти за вонбрачната ќерка на Аркан - Ја добил со социјална работничка од белгиски затвор, дознал за неа кога имала 15 години
- Детали
- сабота, 29 март 2025
Аркан дознал дека има ќерка во Белгија дури во 1994 година. Тој има 9 деца, а Софија му е едно од 3-те деца од вонбрачни врски. Но, Софија речиси секоја година на годишнината од неговата смрт (15.01) се појавува на гробот на својот татко, a така беше и годинава, покрај Анастасија и Вељко.
На 15-ти јануари се навршија 25 години од убиството на Жељко Ражнатовиќ Аркан, а покрај Цеца, нејзините деца Вељко и Анастасија, на гробот на Аркан се појави и неговата вонбрачна ќерка Софија.
Софија е жената со руса коса, позади Анастасија Ражнатовиќ
Аркан имал девет деца, од кои шест од неговите два брака. Четири од првиот со сопругата Наталија Мартиновиќ, две од бракот со Цеца, а три му се деца од вонбрачни врски, а едно од нив е токму Софија.
Софија живее во Белгија, а Аркан ја добил со социјалната работничка, која се грижела за него додека престојувал во белгиски затвор.
На гробот на Аркан годинава таа стоела до Анастасија и се прегрнувала со неа, а поразговарала и со Вељко на англиски јазик, па ова е доказ дека се во добри односи, според српските медиуми.
Софија за првпат го видела својот татко Аркан на ТВ екраните во 1991 година, кога тој станал познат низ целиот свет.
Софија е родена 1979 година, а Аркан дознал дека има ќерка во Белгија дури во 1994 година, кога таа била 15-годишна тинејџерка.
Но, Софија речиси секоја година на годишнината од смртта (15.01) се појавува на гробот на својот татко.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





