Се прежени 40 дена по разводот и стана татко - Милош Тимотијевиќ на плажа со синот

„Ништо не славев. Породувањето беше мошне напорно“ – изјави Милош Тимотијевиќ непосредно откако на 48 години го доби првото дете. Сега на Инстаграм за првпат објави кратко видео во кое покажа дека секој слободен миг го користи за да го помине со синчето.

po-13-godini-bez-deca-se-razvede-i-se-prezheni-za-40-dena-milosh-timotijevikj-na-plazha-so-sinot-01.jpg

Српскиот актер Милош Тимотијевиќ кој се прослави со улогата во голем број познати српски ТВ серии, во изминатите две години привлекуваше доста внимание и со својот приватен живот.

Претходно, 13 години беше во брак со сопругата Дуња за која тврдеше дека му е најголема поддршка, па многумина се изненадија кога дознаа дека тој само 40 дена по разводот, се ожени со друга жена

po-13-godini-bez-deca-se-razvede-i-se-prezheni-za-40-dena-milosh-timotijevikj-na-plazha-so-sinot-02.jpg

Неговата прва сопруга Дуња Галиќ работи како графички дизајнер и никогаш не сакаше да се појавува во јавност, па актерот речиси на сите јавни настани најчесто одеше сам.

„Се трудам да ја сочувам приватноста, но во секоја работа неопходна е поддршката од сопружникот. Без тоа сè е потешко.

Ако имате личност што верува во вас, тогаш сè е полесно. Имате 4 очи, две срца, два мозоци, две глави за размислување.

Мојата кариера тргна по нагорна линија откако ја сретнав сопругата. Таа е мојот двигател“ – зборуваше тој за првата сопруга своевремено.

Но, во 2022-ра година, српската и регионалната јавност остана збунета кога тој објави фотки од свадбата со втората сопруга Тијана Симиќ, со која се ожени само 40 дена по разводот од Дуња.

po-13-godini-bez-deca-se-razvede-i-se-prezheni-za-40-dena-milosh-timotijevikj-na-plazha-so-sinot-09.jpg

Тијана е 14 години помлада од актерот, а во септември минатата година тој за првпат стана татко на 48 години.

Актерот го доби синот Јаков, од кого досега воопшто не објавил слика. За медиумите рече дека неговото раѓање било мошне трауматично искуство и немал ниту време да прослави.

„Ништо не славев. Самото породување беше мошне напорно. Секоја чест на мојата сопруга како го поднесе сето тоа.

Морам да признаам дека тоа беше мошне силен, херојски чин што се однесува до мене, како го протурка и го издржа затоа што траеше 26 часа.

Јас цело време бев со неа и со оглед на тоа што синот се роди во 1 часот по полноќ, не ни славев.

Си отидов дома и спев. Само се сеќавам на една голема, жолта полна месечина и чувство на олеснување, затоа што бев мошне загрижен како ќе се заврши сè“ – изјави Тимотијевиќ непосредно по раѓањето на синот.

po-13-godini-bez-deca-se-razvede-i-se-prezheni-za-40-dena-milosh-timotijevikj-na-plazha-so-sinot-08.jpg

Сега, седум месеци подоцна, Милош одлучи на своите следбеници да им покаже како го поминува времето со синот.

Со оглед на тоа што неговата втора сопруга Тијана израснала во Лисабон, Португалија и таму се образувала, таа таму се чувствува како дома.

А, во периодот кога нема проекти и претстави, и актерот сака да го поминува времето таму.

po-13-godini-bez-deca-se-razvede-i-se-prezheni-za-40-dena-milosh-timotijevikj-na-plazha-so-sinot-03.jpg

Тој на Инстаграм објави кратко видео како со синот шета покрај плажа во Лисабон, но јасно е дека нема намера да му го покаже лицето во јавност.

Погледнете го краткото видео:

Прочитајте и Популарност стекна во 40-тите, за улоги го совлада албанскиот јазик – факти за српскиот заводник Милош Тимотијевиќ

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Милош Биковиќ доби син: „Дури откако ќе станеш родител почнуваш да растеш“ „Ние прво мислиме дека треба да пораснеме за да добиеме дете, но тука има една с...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Партнерката на Милош Биковиќ објави фотка како го дои синот, актерот се жали дека деновиве сѐ се све... „Засега сѐ се сведува на плач. Плаче бебето, но плачам и јас“ – изјави Милош Бик...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Татко ѝ играше во документарец за српската мафија, беше осуден на затвор – Која е новата Мис Србија,... Татко ѝ играл со Кристијан Голубовиќ во документарецот за српската мафија од 90-...
Најдобриот другар го тужел за пари, ги крие девојките – Што знаеме за грчкиот пејач Никос Вертис? Во 2017-та година се најде среде скандал кога најдобриот другар од детството го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg