Популарност стекна во 40-тите, за улоги го совлада албанскиот јазик – факти за српскиот заводник Милош Тимотијевиќ
Eден од моментално најзафатените актери од српското поднебје, кој со енормна популарност се здоби дури во четириесеттите години е шармантниот Милош Тимотијевиќ.
Милош Тимотијевиќ е српски театарски, филмски и телевизиски актер, познат по улогите во сериите „Воена академија“, „Беса“, „Мирис кише на балкану“, „Јужни ветар“, „Певачица“, како и во многубројни филмски ремек-дела.
Роден е на 9 март 1975 година во Белград. Живее и работи во родниот град. Вели дека славата ја гледа како составен дел од актерската професија, а семејството е место каде што го наоѓа својот мир.
Во продолжение извојуваме повеќе факти за животот и делото на маестралниот Милош Тимотијевиќ:
Неговиот татко е всушност познатиот белградски фотограф, Драган Тимотијевиќ
Милош вели дека благодарение на неговиот татко, детството го поминал опкружен со камери, манекенки и модни писти.
Во едно од интервјуата што ги направила со Тимотијевиќ, Јована Јоксимовиќ признала дека нејзиниот прв едиторијал, со кој се пријавила на телевизијата БК, го направил токму неговиот татко.
Пораснал во село, кај неговите баба и дедо
Бидејќи неговите родители работеле, Милош практично израснал на село. Кога дошло време да оди на училиште, родителите го вратиле во Белград.
Најпрво сакал да биде чевлар, вајар или сликар, а подоцна размислувал да се занимава со социјална работа, поради што се запишал на Факултетот за политички науки.
Се запишал на Факултетот за драмски уметности и дипломирал во 1999 година
Сепак, ова бил неговиот втор обид, а првиот безуспешен во 1992 година. Посетувал предавања по драматургија заедно со Чедомир Јовановиќ.
Првите улоги ги добива во телевизискиот филм „Симпатија и антипатија“ (1993) и во филмот „Жеља звана трамвај“ (1994)
Иако голем дел од публиката го памети по улогата на телохранител во серијата „Среќни луѓе“, Тимотијевиќ одиграл преку 70 различни улоги во домашни и странски серии и филмови.
Сепак, филмовите „Влажност“ и „Јужни ветар“, како и сериите „Воена академија“, „Сенки на Балкану“ и „Беса“ го покажаа целиот раскош на неговиот актерски талент.
Улогите во „униформа“ во голема мера ја заокружија неговата маестрална работа
Портретирањето на Ступар во серијата „Јужни ветар“ - односно корумпираниот полициски инспектор кој е длабоко инволвиран во процесот на шверц на наркотици на Балканот, како и инспекторот на Интерпол, Петрит Коци во Серијата „Беса“ се едни од улогите кои му донесоа огромен комерцијален успех.