Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна приказна на Метју Меконахи

Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во багажник на комбе, а потоа бил силуван. Факти за животот на Метју Меконахи. 

gi-gledal-roditelite-dodeka-se-tepaat-a-na-18-godini-bil-siluvan-od-maz-teshkata-zivotna-prikazna-na-metju-mekonahi-01.jpg

Метју Меконахи е роден на 4 ноември 1969 година во малото гратче Увалде, Тексас.

Израснал во конзервативно католичко семејство. 

Неговата мајка Мери Кетлен била учителка и писателка, а неговиот татко, Џејмс Доналд Меконахи, сопственик на бензинска пумпа и американски фудбалер.

Има уште двајца постари браќа, кои биле посвоени, Мајкл и Патрик. 

gi-gledal-roditelite-dodeka-se-tepaat-a-na-18-godini-bil-siluvan-od-maz-teshkata-zivotna-prikazna-na-metju-mekonahi-05.jpg

Трауматични искуства

Кога имал 15 години Метју Меконахи бил жртва на сексуална злоупотреба, а за оваа траума пишувал и во неговата биографија „Зелено светло“, која била една од најпродаваните книги на листата на Њујорк Тајмс.

„Кога имав 15 години, за првпат ме уценуваа да имам интимни односи со некого. Бев убеден дека ќе завршам во пекол по смртта поради предбрачниот секс.

Денес само се надевам дека тоа не е вистина", напишал во книгата, а потоа открил дека бил и силуван само три години подоцна.

„Кога имав 18 години бев сексуално злоставуван од маж. Ме држеше во бесознание во задниот дел од неговото комбе“, изјавил актерот, но не сакал да открива дополнителни детали.

gi-gledal-roditelite-dodeka-se-tepaat-a-na-18-godini-bil-siluvan-od-maz-teshkata-zivotna-prikazna-na-metju-mekonahi-14.jpg

Tурбулентен однос на родителите

Она што ги изненади сите е тоа што актерот тие страшни искуства ги окарактеризирал како позитивни, тврдејќи дека не бил трауматизиран од нив.

Во својата автобиографска книга ги опишал турбулентниот однос на неговите родители и тепачките кои ги имале.

Во една ситуацијата татко му ја турнал мајка му до ѕид, а таа го удрила по лицето со телефонска слушалка, при што му го скршила носот.

Во една нивна тепачка мајка му држела нож во рацете, а татко му стаклено шише со кечап.

На крајот и двајцата биле прекриени со кечап и крв, а Метју и неговите браќа се криеле зад креветот.

gi-gledal-roditelite-dodeka-se-tepaat-a-na-18-godini-bil-siluvan-od-maz-teshkata-zivotna-prikazna-na-metju-mekonahi-09_copy.jpg

Образование

Во 1986 година Метју се преселил во Сиднеј сакајќи таму да запише средно училиште.

Наместо тоа, тој завршил во Ворнервејл, Нов Јужен Велс, каде студирал, но работел и како помошник адвокат и на шалтер во банка. 

Откако се вратил во САД се запишал на Универзитетот во Тексас во Остин. 

Дипломирал во 1993 година и станал дипломиран инженер за радио, телевизија и филм.

gi-gledal-roditelite-dodeka-se-tepaat-a-na-18-godini-bil-siluvan-od-maz-teshkata-zivotna-prikazna-na-metju-mekonahi-07_copy.jpg

Кариера

Неговиот пат до светска слава започнал со снимање реклами.

На почетокот воопшто не му било лесно.

Откако неговиот агент му рекол дека мора да престане да ги грицка ноктите, тој почнал да бара реклами на кои во преден план ќе бидат неговите раце, но и добил неколку помали филмски улоги.

Бидејќи ништо од тоа не било финансиски профитабилно, се вработил и како келнер во локал во кој бил единствениот белец.

gi-gledal-roditelite-dodeka-se-tepaat-a-na-18-godini-bil-siluvan-od-maz-teshkata-zivotna-prikazna-na-metju-mekonahi-12_copy.jpg

Кон крајот на 90-тите веќе започнал да добива улоги во романтични комедии и тоа заедно со најубавите актери како Кејт Хадсон, Пенелопе Круз, Џенифер Лопез, Сандра Булок и Сара Џесика Паркер.

Но, тој не сакал публиката да го памети само по вакви филмови, па одлучил да се повлече од очите на јавноста цели 20 месеци, одбивајќи ги улогите што не му се допаѓале,  дури и една која требала да му донесе 14,5 милиони долари заработка. 

И покрај многуте признанија и награди, па дури и Оскар, тој сè уште нема снимено филм кој постигнал голем успех и гледаност во кино салите.

gi-gledal-roditelite-dodeka-se-tepaat-a-na-18-godini-bil-siluvan-od-maz-teshkata-zivotna-prikazna-na-metju-mekonahi-15.jpg

Љубов и семејство

Овој холивудски заводник од 2012 година е во брак со 12 години помладата манекенка Камила Алвес со која има 3 деца.

И Метју и Камила со сите сили се трудат да ги заштитат своите деца од медиумите и љубопитната јавност.

gi-gledal-roditelite-dodeka-se-tepaat-a-na-18-godini-bil-siluvan-od-maz-teshkata-zivotna-prikazna-na-metju-mekonahi-03.jpg

Повеќе нивни семејни фотографии погледнете на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
Спасил над 1.000 Евреи, умрел во сиромаштија: Вистинската приказна за Оскар Шиндлер (и неговата лист... Користејќи ги своето влијание и своето богатство, Оскар Шиндлер спасил над 1.000...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg