-->
Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина и по таткова страна, а освен што му родила 12 деца, се грижела и за децата од неговите други бракови. Која е првата дама на Дубаи, која 45 години е во брак со владетелот, иако тој имал и 5 други жени?
Дубаи денес е една од најпопуларните туристички дестинации и економски центар што е симбол за луксуз, престиж и убавина, а начинот на живот на неговиот владетел со години наназад привлекувал внимание.
-->
Шеикот Мохамед бин Рашид ал-Мактум (75) во родната земја важи за преродбеник, кој за време на своето владеење успеал да го модернизира Дубаи и да придонесе за дополнителен развој, но неговиот приватен живот, за нас припадниците на западниот свет, е збунувачки.
Мохамед се женел шестпати, се верува дека има околу 30 деца и 25 внуци, а интересно е тоа иако со другите пет жени се развел, неговата прва сопруга е таа која што останала крај него од почетокот до крајот.
Во продолжение неколку интересни факти за првата дама на Дубаи, што сигурно не сте ги знаеле:
Првата сопруга на шеикот Мохамед, се вика Шеика Хинд бинт Мактум бин Јума ал-Мактум, или скратено ја нарекуваат шеика Хинд.
-->
-->
Иако таа постојано се крие од јавноста и се држи настрана од политичкиот живот на Емиратите, се верува дека таа е најмоќната жена во земјата, која од сенка ги влече конците, а според некои гласини имала удел и во разводите на нејзиниот сопруг со другите пет жени.
-->
Шеика Хинд била воспитана во духот на Исламот, а со Мохамед стапила во брак на 26-ти април 1979-та година.
Нивната свадба во тоа време била запишана во Гинисовата книга на рекорди, како една од најскапите свадби на сите времиња, затоа што шеикот изградил стадион за 20.000 посетители со цел да ги собере сите гости.
Првата дама на Дубаи, исто така е со кралско потекло, па освен што му е сопруга на владетелот на Дубаи, таа истовремено му е прва братучетка по мајчина страна и втора братучетка по таткова страна.
Кога стапила во брак со Мухамед, таа имала само 17 години, а тој имал 30. По една година брак, таа ја родила првата ќерка, а потоа му родила уште 11 други деца. Според пишувањата во странските медиуми, таа секоја година раѓала по едно дете.
Шеика Хинд е мајка на претходниот престолонаследник, принцот Рашид, кој ненадејно почина на 33-годишна возраст во 2015-та година, од срцев удар, но и на сегашниот престолонаследник, принцот Хамдан (41).
Продолжува на следната страница...
-->
Би можело да ве интересира: