Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител
„Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете ќе му падне цуцлата, му велите на кучето: ’Земи ја!‘“
Родителство – толку убаво нешто, а сепак тешко, полно со предизвици и непроспиени ноќи. Додека се во исчекување на бебето, родителите имаат многу замисли, планови, очекувања…
Но, откако ќе пристигне новиот член, работите малку се променуваат. Добро, можеби се менуваат малку повеќе и ништо не е онака како што тие планирале и замислувале.
Во продолжение погледнете интересни и забавни цитати во кои веруваме дека многумина ќе се пронајдете ако имате деца:
„24/7. Откако ќе ’потпишете‘ да бидете мајка, тоа е единствената смена која ви е понудена“.
„Ако еволуцијата навистина функционира, како тоа мајките имаат само две раце?“
„Најбрзиот начин родителот да го привлече вниманието на детето е да седне во удобна позиција…“
„Да имаш две годишно дете е како да имаш блендер, но не и капак за него“.
„Првата ноќ кога бебето ќе спие осум часа без да се разбуди, ви доаѓа да прославите. Но, наместо тоа, ќе трчате во собата мислејќи: ’Ох, Боже, дали дише?!‘“
„Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете ќе му падне цуцлата, му велите на кучето: ’Земи ја!‘“
„Пред да стапам во брак, имав шест теории за воспитување деца. Сега имам шест деца и немам теории“.
„Зошто децата не можат да разберат дека нивната дремка не е за нив, туку за нас?“
„Деведесет проценти од родителството е размислување за тоа кога ќе можете повторно да се наспиете“.
„Вие секогаш ќе бидете омилената играчка на вашето дете“.
„Новороденчето ќе ве натера да сакате да им се јавувате на родителите секој ден и да им се извините, одново и одново“.
„Ако сакате да расплачете родител, кажете му дека детските години всушност се најлесните…“
„Бебешката насмевка е најубавото нешто на светот, додека не сфатите дека доаѓа заедно со ужасен мирис“.
„Бебето е ангел додека не го ставите во кревет со вас. Потоа се трансформира во нинџа!“
М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com